Од вкупно 98 институции во кои се мерела активна транспарентност, Општина Охрид е рангирана на 20 место на листата на многу добро оценети институции.

Објавил: Владо Марин | 20 јуни, 2020 19:14

Општина Охрид е најтранспарентна општина во Југозападниот регион на Република Македонија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Општина Охрид е најтранспарентна општина во Југозападниот регион на Република Македонија врз основа на Индексот на активна транспарентност.

Извештајот е подготвен од Центарот за граѓански комуникации со поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

По нивото на транспарентност охридската локална самоуправа го зазеде 14 место помеѓу општините, со резултат од 80,3 % остварени позитивни показатели.

Од вкупно 98 институции во кои се мерела активна транспарентност, Општина Охрид е рангирана на 20 место на листата на многу добро оценети институции.

Ценејќи ја важноста на точната информација, Општина
Охрид и јас како градоначалник ќе продолжаме да се подобрувааме во нивото на транспарентност и објавувањето на важни, веродостојни и точни информации за граѓаните и медиумите.

Инаку Општина Охрид во моментот е опфатена со уште едно мерење на нивото на транспарентност во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество (Civic Engagement Project), со кој се мониторира отвореноста на 17 институции на локалната самоуправа во Република Северна Македонија. Овој проект го имплемемтираат Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со осум локални невладини организации.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести