Кризата нема да заврши пред крајот на 2021 година“, рече Орбан, пренесува агенцијата МТИ.

Објавил: Перо Милчин | 21 декември, 2020 22:19

ОРБАН: Унгарскиот здравствен систем е подготвен да се бори против коронавирусот во текот на 2021 година

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со сегашната здравствена состојба, унгарскиот здравствен систем е подготвен да се бори против вирусот корона во текот на 2021 година, изјави денеска премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Кризата нема да заврши пред крајот на 2021 година“, рече Орбан, пренесува агенцијата МТИ.

Тој додаде дека може да има нешто полесни периоди по првиот круг на вакцинација и дека ситуацијата ќе се подобри по масовната вакцинација, „но ќе требаат уште 12 месеци за работите да се вратат во нормала“.

Орбан го ангажираше Золтан Јенеј, од Универзитетот во Печ, како директор на новото тело за борба против вирусот корона, а тој ангажираше уште четворица заменици.

Премиерот на Унгарија им се заблагодари за преземањето одговорност во најтешките моменти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

Швајцарската влада сака да може подобро да ја контролира имиграцијата. Така економистот Рајнер Ајхенбергер доаѓа со провокативно барање: Секој што сака да се насели во Швајцарија ќе мора да плати.

Економист бара данок од 50.000 франци за сите кои сакаат да се преселат во Швајцарија

Високото ниво на имиграција во Швајцарија ги посгрева умовите на луѓето. Транспортната...