Законите важат за сите подеднакво и зависи колку обвинителите ги туркаат тие предмети.

Објавил: Рејхан Бајрами | 19 февруари, 2020 7:12

ОРДАНОВСКИ: Боки 13 дури 20 години така се облекува, имаше брендирани парчиња и пред “РЕКЕТ”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новинарот и аналитичар Сашо Ордановски во вчерашното гостување во „ТВ24“ aко постои волја во судството, може да се решаваат брзо предметите.

ТОј рече дека законите не се пресудни за функционирање на правото. Вели проблемот е со интегритетот и кадровскиот состав во судовите, отколку законите.

-Македонија мора да расчисти со случаите на СЈО, дел се многу компликувани. Законите важат за сите подеднакво и зависи колку обвинителите ги туркаат тие предмети. Треба што побрзо да се затворат овие саи. Доколку правосудството сака да испорача правда тоа ќе го направи. Ако постои волја во судството, може да се решаваат брзо предметите. Гледате за случајот „Рекет“ колку брзо оди. Кога судството и обвинителството сакаат да испорачаат правда тоа мора да се направи. „Рекет“ отиде во супер брза постапка, вели новинарот Сашо Ордановски.

„Во суд се суди со докази, не со каква чипка ти е маицата, дали кога зборуваш употребуваш пцовки и дали носиш чевли од 100 или од 1.000 евра. Ако се докаже дека гардеробата е купена во тие месеци кога се земени парите и за неа се платени 500 илјади евра, има доказ дека на неа се потрошени парите. Ако му ја покажувате гардеробата за потоа целата јавност да коментира „Видете го овој Боки 13 какви пантолони носи, елечиња, а притоа ништо да не видиме од тоа кога е купено, во кој период, каде е купено, не е во ред.

Па Боки 13 дури 20 години така се облекува. Таму имаше парчиња што јас сум ги гледал пред да почне целата афера. Не може да се суди преку тоа какви полемики се водат на фејсбук. Обвинителството досега не извади ни еден директен доказ. Таму има спротивставени сведочења. Јас чекам да дојдат пресудите и да се осврнам на сето тоа.

Сега одбраната ќе почне да изведува докази. Можеби тие ќе изведат поинтересни докази, можеби тие ќе кажат каде се парите, кога веќе ги обвинуваат дека зеле пари, можеби ќе дознаеме. Настрана целата хистерија, во самата судска материја ние не видовме објективни докази. Јас мислам дека во нормална демократска земја со вистинско правосудство, ова би паднало со просечна екипа адвокати“, рече Орданоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Потребно е градоначалникот Константин Георгиески да “собере храброст” и да си ја врши работата за која е избран и да ги почитува правниот поредок на Република Македонија.

ЛЕВИЦА: Градоначалникот на Охрид да собере храброст да ја врши работата за која е избран!

Несреќната изјава на градоначалникот на Охрид од редовите на СДСМ, Константин Георгиески,...

Вирусот не е шега, туку заедничка нова битка на Македонија која мора заедно да ја победиме. И сакам тука неколку збора за политичкото милје со кое се дочекува пандемијата во земјава.

Мицкоски со отворено писмо до власта: Заедно ќе ја победиме оваа битка, затоа што ја сакаме Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати отворено писмо по повод коронавирусот...

Мојот начин на заштита треба да биде сечиј начин на заштита. Јас сериозно ги следам препораките за чување на нашето јавно здравје.

Давкова со маска и ракавици во емисија: Мојот начин на заштита бил пропаганда, сум била смешна!

Вечерва професорката Гордана Силјановска Давкова гостуваше во ТВ Алфа каде што зборуваше...