По цена со себе „во воздух“ да ја кренат и сопствената партија!

Објавил: Мате Парлоф | 25 февруари, 2020 16:57

Ордановски: ВМРО-ДПМНЕ ги третира своите гласачи како заложници – им стави пиштол на слепоочницата

Фото/Текст извор: ©цивил медиа

Предизборието е време во кое ќе се изнагледаме и изнаслушаме сè и сешто, му доаѓа и како прифатливо и најголемите глупости да добијат право на граѓанство. Но, некаква нормалност, сепак, мора да се сочува.

На пример, во графата „најелементарна нормалност“ би морало да спаѓа сеќавањето за тоа што му направи ВМРО-ДПМНЕ на правосудниот систем во Македонија:

НЕ две и пол години од нивниот пад од власта, ТУКУ во наредните 25 години ќе мора да се справуваме со пост-трауматскиот општествен стрес од девастирањето на судскиот систем што екипата на Груевски го остави зад себе. Тие злосторства против сопствениот народ се толку добро документирани, што се влезени како студии на случај во меѓународните практики за анализа и рано откривање на ракот на правните „дојки“ во други заробени држави.
Во таа смисла, мора да се чини како голема морално-политичка перверзија опозицијата денеска да протестира пред македонските судови и обвинителства за состојбата со испорачувањето на правдата во државава.

Тоа му е како да прифатите за нормално дека осудени педофили можат да поминуваат саботни претпладниња на спортски игралишта на основни училишта, за да протестираат дека не им е дозволен контакт со децата!
Да повели ВМРО предизборно да го руши Заев и СДСМ од власт на која било друга тема што ќе посака – секако, со исклучок и на дребулијата за евро-атлантските интеграции – ама „дуетот“ Милошоски-Вангеловски, со асортиманот на бек-вокали како поддршка од првата клупа вмровски пратеници во Собранието и со десетина клучни членови на партијата, кои сите, од ред, се на обвинителни клупи во разни кривично-правни процеси, не може да бидат каква било алтернатива за делење правда во Македонија.

Таа нафта нема да ја пиеме.
Па, сепак, импресивна е и самата идеја на опозицијата дека со продолженото малтретирање на правосудството, како главна предизборна тема, може да се врати на власт во државата.

Очигледно, ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги третира своите илјадници гласачи како заложници на проблемите на врхушката во партијата, им има ставено пиштол на слепоочница и се заканува дека ќе изврши масовна партиска егзекуција доколку не им се удоволи на радикалните анти-правни барања.

Бидејќи пропаднаа сите обиди за блокирање на правосудните закони со кои се надеваа на своја „нормативна“ амнестија; бидејќи пропаднаа и обидите, преку компромитација на специјалното и „обичното“ обвинителство да бидат „помилувани“ од обвиненијата; бидејќи пропаднаа и скапите експертски и пропагандни обиди за девалвирање на испораката на правдата – сега, немаат друго, на овие „бомбаши-самоубијци“ само победата на избори им е последниот спас од судските процеси.

По цена со себе „во воздух“ да ја кренат и сопствената партија!
На крајот така ќе мора и да биде. Бидејќи одбивањето, со најдлабока индигнација, екипата на Груевски да ни ја проповеда правната држава во Македонија нема врска со тоа кој што мисли за Заев и квалитетот на сдсмовската власт и дали тој или Мицкоски ќе биде подобар на некој телевизиски дуел. Ова е многу НАД меѓупартиските изборни препукувања меѓу власта и опозицијата, со тоа се одредува колективната перспектива на сите нас, наспроти персоналните правни судбини на двете дузини водечки кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што тргнале, на опозицијата навистина ќе ѝ успее самоубиствената патриотска мисија на избори да извади сè што е нормално во државава на гласање!

Тоа ни на СДСМ не би му пошло од рака. Браво, конечно нешто паметно и за општа корист од ВМРО-ДПМНЕ.

Сашо Ордановски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна


Корона вирусот го смени светот. Ваков хаос не може да се создаде без план, ниту пак да помине без некој моќен да извлече ќар од оваа ситуација.

ЛАТАС: СЕВЕРНА е банкрот држава- СДСМ ќе си заминат богати, а ние ќе останеме со последици и долгови!

Епидемијата е во фокусот на внимание. Секаде. Работите околу вирусот, советите, теориите...

Владата мора да најде пари за плати на сите вработени од фирмите на кои им е наредено да престанат со работа: угостителство, туризам, транспорт, школи, факултети, трговски центри...

ЛАТАС: Филипче не е супермен- Никаков херој не е, туку збунет човек кој не ја контролира ситуацијата

Состојбата ни е вонредна. Сега и официјално. Вонредната состојба Пендаровски и Заев...

Ние немаме друг начин да го споделиме со вас она што допира со нас, освен да пишуваме на социјалните мрежи и еден помал дел од нас и во медиумите.

ВЕДНАШ ПРЕЗЕМЕТЕ МЕРКИ: Влегуваме во италијанско сценарио, време е за вонредни мерки!

Не сум сигурен, но мислам дека неколку наши државни раководители, коишто деновиве...