Организација за образование, наука и култура на ОН поставила ултиматум: или ќе го донесете законот по најитна постапка – или Охрид во јули ќе го ставиме на „црната листа“ на светски загрозените културни наследства,

Објавил: Сара Фемина | 15 мај, 2019 7:43

Орданоски: Ни евентуалната посета на Папата на Охрид во 2187 година, нема да може да ни помогне!

Фото/Текст извор: ©цивил медиа

Парапетче околу Охридско Езеро, пак?
Главната причина за ваквата намера на УНЕСКО е неспособноста на Владата со нов закон да го уреди градежното инвестициско дивеење и управувањето со развојот на брегот и на водите на Охридското Езеро, во што не спаѓа само градот Охрид, туку и другите населени места на крајбрежјето, особено Струга. 

Како што сум информиран од добро упатени културно-политички извори, македонската дипломатија е впрегната во напорот да се предупреди намерата на УНЕСКО на заседанието на Комитетот за светското културно наследство, што во јули годинава треба да се одржи во Азербејџан, да го класификува Охрид како „загрозено светско културно наследство“. 

Во предизборниот период за локалните избори особено беше актуелен Нефи Усеини претседател на огранокот во ДУИ во Охрид, каде во Охрид јавна тајна е дека негова е дивоградбата која се гради во строгиот центар на охридската чаршија наспроти чинарот која претставува строго заштитено подрачје. Исто така иако без одобрение за градба, продолжува да се гради минарето на Алипашината џамија во Охрид. Во предизборниот период при посета на Охрид Заев тврдеше дека изградбата ќе биде стопирана, за веднаш после изборите да продолжи, информациите кои пристигнуваат се дека продолжувањето на дивоградбата на минарето било овозможено со политички договор на Заев и ДУИ за возврат ДУИ да ги поддржи СДСМ во Охрид за локалните избори.

Нацртот на ваквата лоша препорака, што за Македонија ќе има далекусежни негативни последици, е веќе ставена на увид во седиштето на УНЕСКО во Париз, во завршните подготовки за јулското заседание во Баку.

Главната причина за ваквата намера на УНЕСКО е неспособноста на Владата со нов закон да го уреди градежното инвестициско дивеење и управувањето со развојот на брегот и на водите на Охридското Езеро, во што не спаѓа само градот Охрид, туку и другите населени места на крајбрежјето, особено Струга.

Меѓу другото, со законот треба да се обезбеди јасен систем за планско одлучување и управување, низ соодветни стручни и јавни тела кои ќе се грижат за заштитата на културните и природните убавини на Охридското Езеро, во што спаѓа и заедничко управување со ресурсите на Езерото со властите од Албанија.

Нашиот сосед, Албанија, пак, во Азербејџан очекува да биде приклучена на листата на културно наследство на УНЕСКО токму со своите охридски езерски брегови!

Како што дознавам, во последната година, предлогот на овој закон, изработен според барањата на УНЕСКО и во соработка со локалните граѓански организации, се нашол дури четири пати на седница на Владата за усвојување, но сите четири пати е блокиран под притисок на ДУИ, за да се заштитат градежните интереси на инвеститори блиски до оваа партија во Охрид и во Струга. Како во најубавите денови на идеите на Груевски за подигнување парапетче околу бреговите на Езерото…
Што е право, не треба да има сомневање дека и други локални градежни „величини“, со поддршка и од други партии, задоволно ги сукаат мустаќите мерејќи ги квадратурите на своите атрактивни крајбрежни градежни локации вцртани во урбанистичките планови што, сепак, ќе мора да се бришат.
Како главни кочничари и виновници во ова потфрлање без преседан се сметаат министерствата за Животна средина и она за Култура, кои покажале извонредна спорост и незаинтересираност за решавање на проблемите со УНЕСКО.

Општина Струга, пак, не е ни дел од процесите за спроведувањето на барањата на кои инсистираат експертите од УНЕСКО, бидејќи смета дека нема ништо со културните наследства во светот, споредено со убавините на крајбрежните плажи, диска и шанкови.
Да е трагедијата поголема, многу од барањата на УНЕСКО веќе се испорачани, од откажувањето на развојот на ски-центар на Галичица и средувањето на сообраќајните решенија во стариот дел на Охрид, преку санацијата на колекторскиот крајбрежен систем, до пренасочувањето на најголемиот загадувач на Езерото, реката Сатеска, во старото корито на Црн Дрим.
Но, сега светската Организација за образование, наука и култура на ОН поставила ултиматум: или ќе го донесете законот по најитна постапка – или Охрид во јули ќе го ставиме на „црната листа“ на светски загрозените културни наследства, на која се наоѓаат градби и локации во Либија, Сирија, Ирак… Тоа ќе значи откажување на финансиски аранжмани и експертски поддршки за одржување на тоа наследство, а „морално-политичките“ штети по земјата (вклучително и процесот на интеграција во ЕУ, развојот на туризмот и тн.) можат само да се претпостават. Бидејќи токму со таа „листа на срамот“ УНЕСКО ја одржува својата репутација на заштитник на културното наследство низ светот. Следниот чекор е целосно бришење на Охрид од регистерот на УНЕСКО.
Потоа ни евентуалната посета на Папата на Охрид, во 2187 година, нема да може да ни помогне!
Значи, пари имaт, план имaт, љуѓе салам и ум имат снемано!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ах, да, се случи и бегството на Груевски за што, во недостиг на опипливи резултати од истрагата, уште се води академска расправа за степенот на вината на тајните служби.

Ордановски: Премиере ЗАЕВ, како ви побегна ГРУЕВСКИ?

Политичката дебата што со месеци се одвиваше зад сцената, а сега во фул-монти стил ќе...

Павле, не е крај на светот. Многу јавни личности заглавиле на таа ѓаволска дрога, па успеале да се излечат.

Златев повторно удри на Богоевски: “Браво Павле, сега е време да си помогнеш со лечење„

Притиснат од жестоките реакции на јавноста, две недели по објавувањето на телефонскиот...

Некако се навикнавме на неконвенционални решенија што ги практикува Заев во политиката, па не е лошо да се биде на штрек и кога се чини дека во нашава политика веќе ништо не може да нè изненади.

Ордановски: Ај сега да соработуваме во рушењето на Заев од власта!

Што му е гајле на Ахмети што ветувал Заев, за што не бил ни прашан?! Дотолку повеќе што,...

Да е проблемот поголем дилерите, оние што продаваат скоро и да немаат страв и тоа го прават полу јавно. Ако во минатото се криеле, сега јавно ја продаваат. Затоа што никој не ги гони и апси!

НИКОЛОСКИ: КОКАИН во поларизирана Македонија!

Насловот на колумнава, почитувани читатели, ги определува двете теми за кои ќе пишувам...