Јапонката ја надигра Серена Вилијамс

Објавил: admin@magazin | 10 септември, 2018 10:47

Осака, сензационален победник на УС Опен

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јапонката Наоми Осака е сензационален победник на УС Опен, откако во финалето целосно ја надигра Серена Вилијамс и ја совлада со сигурни 2-0 во сетови.

Симпатичната 20-годишна Осака испиша и нова историја како прва Јапонка која успеала да триумфира на еден Грен слем, а веднаш по завршувањето на мечот и се извини на присутните поради тоа што триумфирала таа, а не миленикот на многубројната публика.

„Знам дека сите навивате за неа, извините што на крајот испадна вака. Во секој случај ви се заблагодарувам што го гледавте овој меч. Мојот сон беше да играм финале на УС Опен против Серена, среќна сум што ја добив таа шанса и на крајот ја освоив титулата“, изјави Осака.

Со освоената титула на последниот Грен слем за оваа година, Јапонката инкасира и 3,8 милиони долари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис

Имено тој и овој пат покажа дека иако веќе има достигнато светска слава, знае да остане присебен. Ѓоковиќ кој во моментот е во Белград заедно со своето семејство вчера вечер направи потег кој децата од неговото маало сигурно нема да го заборават никогаш.

Ѓоковиќ воодушеви со овој потег : Светскиот број еден играл тенис со децата од неговата зграда (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ е миленикот на женската публика, и тенисерот број еден на кој е горда...

Победата на Австралија Опен утре ќе му донесе и враќање на првото место на АТП Фокс, каде ќе го престигне Шпанецот Рафаел Надал.

Новак е апсолутен господар во Австралија: Ѓоковиќ го сомле Тим и се закити со 8- ми Грен слем во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ повторно се искачи на врвот во Мелбурн и по осми пат во својата кариера...

Ноле беше посебно среќен поради начинот на кој функционира неговиот сервис, на конференцијата за медиумите покрај прашањата за играта, имаше и неколку интересни прашања поврзани за својот начин на живот.

Сите го критикуваа, но тој остана цврст и се уште најдобар:Ѓоковиќ конечно откри зошто не јаде месо!

Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во 4. коло во Австралија опен каде ќе се соочи со дуелот...