Македонскиот претставник на Песна за Евровизија, младиот струмичанец Васил Гарванлиев, во телевизиско интервју се пофали дека има и бугарско државјанство!

Објавил: Перо Милчин | 15 март, 2021 10:44

Освен заедничка историја, со Бугарите сега имаме и заеднички пејач за Евровизија!

Фото/Текст извор: ©plus info

Без намера да ги оспорам потврдените музички квалитети на младиот уметник и неговото право на двојно државјанство, прашувам –  имаме ли ние, Македонците без бугарска самосвест и без блгарско гражданство, право да кажеме дека егзибициите на Гарванлиев ги доживуваме како понижување за нашата татковина?

Македонскиот претставник на Песна за Евровизија, младиот струмичанец Васил Гарванлиев, во телевизиско интервју се пофали дека има и бугарско државјанство.

Во принцип, немам ништо против тоа било кој да има двојно државјанство. Не постои закон што го ограничува ова право, а ако мене ме прашате – таков закон и не треба да се измислува. Правото на двојно државјанство веќе се смета за стекнато и универзално. Нема причина тоа право да се оспорува било кому и во таа смисла пејачот Гарванлиев ме смее да биде исклучок.

Без намера да ги оспорам потврдените музички квалитети на младиот уметник и неговото право на двојно државјанство, прашувам – имаме ли ние, Македонците без бугарска самосвест и без блгарско гражданство, право да кажеме дека егзибициите на Гарванлиев ги доживуваме како понижување за нашата татковина?

Сепак, како што знаеме, на манифестацијата Песна за Евровизија секогаш имало и секогаш ќе има многу политика. Пејачите не ги претставуваат само своите песни и музички квалитети, туку официјално и своите земји. Мојот впечаток е дека Гарванлиев тоа многу добро го знае и дека со своите постапки сака да упати политичка порака, која би можела да му донесе гласови и од многубројните потенцијални фанови од Бугарија.

Со други зборови, со наметливото истакнување на фактот дека е бугарски државјанин и со обидот во својот спот да прошверцува кадар кој потсетува на бугарското знаме, пејачот се обидува да ја импресионира пред сè бугарската публика, од која можеби очекува дури и повеќе гласови отколку од македонската.

За жал, младиот струмичанец заборава на чувствата на граѓаните на државата што официјално ја претставува. Македонците кои немаат бугарско државјанство и самосвест за своето бугарско потекло каква што има тој – а тие Македонци сепак се огромно мнозинство! – во последниве месеци се соочуваат со бран на жестоки оспорувања од официјална Бугарија. Затоа, тие сигурно не се среќни да го гледаат својот евровизиски претставник со бугарското знаме на спотот и во срценце во телевизиското интервју.

Од тие причини, официјалниот организатор на настапот на Македонија на Песната на Евровизија треба сериозно да објасни што е мотивот за ова неслучајно, упорно и нагласено инволвирање на бугарштината во музичкиот настап што треба да ја прикаже нашата земја во најдобро светло пред стотици милиони гледачи.

Дали некој сака да ни порача дека освен заедничка историја (за која гледаме дека всушност е бугарска и дека како таква мора да биде усвоена и кај нас), ние Македонците и Бугарите сега имаме и заеднички кандидат за Песна за Евровизија?

Ги прашал ли некој граѓаните, од чии пари се финансира и јавниот телевизиски сервис, а богами и евровизискиот настап на Македонецот и Бугарин Гарванлиев, дали се согласуваат вакви контроверзни политички пораки да бидат дел од целокупната промоција на нашиот претставник на оваа европска музичка парада?

Без намера да ги оспорам потврдените музички квалитети на младиот уметник и неговото право на двојно државјанство, прашувам –  имаме ли ние, Македонците без бугарска самосвест и без блгарско гражданство, право да кажеме дека егзибициите на Гарванлиев ги доживуваме како понижување за нашата татковина?

И зошто треба да го трпиме и згора и да го плаќаме тоа понижување?

Бранко Героски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Кога претседателот и Владата во мир не можат да се искоординираат, каква координација ќе имаат за време на војна, може само да се претпостави? Господ напомош со оваа марионетска и крајно неодговорна власт во државата Македонија, за што мора да сноси последици!

НЕКООРДИНАЦИЈА МЕЃУ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ВЛАДАТА ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА СЕВЕРНАТА И ЈУЖНАТА ДРЖАВНА ГРАНИЦА ОД ИЛЕГАЛНА МИГРАЦИЈА!

Дерогацијата на уставната положба на Претседателот на Републиката како Врховен командант...

Затоа мое големо НЕ за однапред наместениот таканаречен "ПОПИС" од Заев и Ахмети со кој се лансира и федерализацијата на Македонија
НЕ , не се попишувам никако.

БЕЛЕСКИ: СТОП за однапред фалсификуваниот Попис на Заев и за “Албанизација” на Македонија

Јас како и други македонци не ја признавам владата на Заев и Ахмети, и се залагам за...