Вицепремиерот Бујар Османи не смета дека ваквото негово барање е мешање и притисок за судски одлуки и рече дека само се обидува да ја забрза постапката во Министерството за правда.

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 јули, 2019 18:37

ОСМАНИ бара итно да биде ослободен поранешниот припадник на ОВК, ТОМОР МОРИНА!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Вицепремиерот Бујар Османи бара итно да биде ослободен поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина, кого македонските власти минатата недела го уапсија на Блаце. За Морина беше издадена потерница од Интерпол, на барање на Србија.

Османи рече дека настојува да се сретне со Морина и да види каде е празнината во комуникацијата на неговите адвокати со министерката. Ова е недозволиво и итно треба да се ослободи Морина” – вели Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.

“Сето ова е резултат на потерницата издадена од седиштето на Интерпол во Лион. Тоа подразбира дека судството во земјава мора да ги помине потребните судски постапки додека Министерството за правда не донесе одлука за неекстрадирање на Морина. Се уште не е доставено барање од адвокатот до Министерството. Секојдневно контактираме со министерката за правда. Очекува барање од адвокатите. Поради тоа настојував да се сретнам со него и да видам каде е празнината во комуникацијата на неговите адвокати со министерката. Бидејќи толку колку што може да влијае политиката во вакви ситуации, правиме се што е можно. 

Вицепремиерот Бујар Османи не смета дека ваквото негово барање е мешање и притисок за судски одлуки и рече дека само се обидува да ја забрза постапката во Министерството за правда.

Од Министерството за правда за Телма не ја коментира изјавата на Османи, но за Телма изјавија дека до нив се уште не е стигнато барањето за екстрадиција на Морина.

„Во целокупната досегашна постапка околу задржувањето на г. Морина и неговото притварање, Министерството за правда немаше надлежност да одлучува или да се меша во постапката. Штом се достави барањето за екстрадиција, Министерството за правда ќе го препрати до надлежен суд, врз основа на чија одлука ќе биде донесена конечната одлука од страна на министерката. Што се однесува до одлуката за притварање, судски одлуки ниту сме коментирале, ниту ќе коментираме“, наведуваат од мнистерството за Правда..

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Многу ми е жал што луѓето кои не веруваат дека вирусот постои, само поради тоа што не можат да го видат со голо око..

Уредникот на Канал 5 кој беше заболен од Ковид-19: Скептиците нека ми објаснат дека нема корона и од што почина татко ми!

Кој може мене, на сестра ми и мајка ми, да ни објасни од што почина татко ми, ако „нема...

На полицајците Јанева прво им кажала дека и е доста од се и почнала да се соблекува. Потоа била повикана итна помош и и е дадена инекција за смирување, а таа е префрлена во станот каде ја издржува мерката домашен притвор.

ДО СЕГА НЕ ВИДЕН СКАНДАЛ: Катица Јанева по гаќи и градник во Државниот завод за ревизија!

Според записникот на МВР до кој дојде КУРИР поранешната специјална обвинителка Катица...

Викендов е Духовден или Задушница, кога традиционално, христијаните ги посетуваат гробиштата, се собираат многу луѓе на едно место и се дели храна.

Карантин за Скопје, Тетово, Штип и Куманово од утре 21 до понеделник до 05 часот?

Предлогот на Комисијата за заразни болести е да се воведе карантин за престојниот...