Министерот во заминување

Објавил: Калина Мартинска | 13 јуни, 2024 15:13

Османи во одбрана на Грција: Не ги исполнувале своите обврски,бидејќи ние не сме ги смениле имињата на МРТ и МАНУ

Фото/Текст извор: ©alfa.mk

Македонскиот министер за надворешни работи во одбрана на Грција. Не ги исполнувале своите обврски од Преспанскиот договор, бидејќи Македонија се уште не го променила името на МАНУ и Македонската радио телевизија.

Бујар Османи вели не било фер да се тврди дека Грција не ги исполнувала своите обврски од договорот во Нивици, а тие делови кои не ги исполниле биле од причина што Македонија се уште не исполнила се што треба.

Не е коректна констатацијата дека Грција не исполнила ништо, столбот на грчките обврски од Преспанскиот договор е поддршка на НАТО интеграцијата и европската интеграција. Протоколите се прашања кои што се останати во Парламентот, како што е останат нашиот закон за МАНУ, нашиот закон за МРТ и други некои прашања во имплементација на името. Значи ние имаме, МРТ, МАНУ, закони во Собрание кои што не се имплентирани, Грција ги има меморандумите и две три сообраќајни таблички од кои што, изјави Османи.

Османи телефонски разговарал со шефот на грчката дипломатија, а очи во очи со неговата заменичка. Запрашан дали побарал рок кога Грција би ги исполнила своите обврски, кажа дека не го направил тоа, сме требале ние да гледаме нашите обврски да си ги завршиме. На неделно ниво добивал информации, што соседите исполниле од договорот.

Ние на неделна основа имаме статус на имплементација на обрврските, имаме ексел табела во која што точно секоја недела не известуваат до каде е Грција до каде сме ние, бидејќи јас сум ставил приоритет на некои приоритетни надворешни политики, изјави Османи.

Инаку, Македонија од Преспанскиот договор исполни речиси се, го променивме името, сменивме лични документи, добивме налепничка НМК на сообраќајните таблички на автомобилите, сменивме имиња на институции, менувавме имиња на споменици, брусевме шахти и што уште не. За разлика од тоа, Грција само ни даде поддршка за членство НАТО, се уште ги нема изгласано договорените меморандуми во Собранието, а проблем им е и да сменат коловозни табли.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.