„Ние имаме договор со Заев како премиер, а не како градоначалник на Струмица. Тој барем уште некое време ќе треба да ја води Владата

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 ноември, 2021 5:44

Османи: ДУИ очекува Заев да продолжи да ја води Владата

Фото/Текст извор: ©маагзин

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека тие како партија очекуваат премиерот Зоран Заев да продолжи да ја води Владата.

„Ние имаме договор со Заев како премиер, а не како градоначалник на Струмица. Тој барем уште некое време ќе треба да ја води Владата.

За тоа кој ќе биде лидер на СДСМ, тоа не не интересира, тоа е нивно внатрепартиско прашање. Но, барем уште некое време, тој треба да продолжи да ја води владата. Ние како ДУИ не сме известени за тоа кој ќе биде мандатар, слушнавме од медиумите. Но овој период само Заев е решение“, вели Османи.

Тој вели исто така дека Беса имале обврска кон ВМРО-ДПМНЕ поради соработката на локалните избори.

„Имаа договор со нив. Веројатно се договориле за гласови во вториот круг, Беса да добие гласови од ВМРО, а потоа да ја рушат Владата. Значи, не е до ДУИ, туку имаа договор Беса и ВМРО. ДУИ е дежурен виновник за сите партии, и за ВМРО, и за СДСМ и за албанските партии, ДУИ историски е дежурен виновник. ДУИ секогаш е конзистентна како партија. Ние во континуитет ги штитиме интересите на државата. Од 2001 до денес, секогаш не напаѓаат за разни основи, но еве 20 години после 2001 година ние имаме сериозни процеси за државата. За ДУИ не е важно дали ќе остапиме министерско место за да се зголеми мнозинството“, додаде Османи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Мицкоски истакна дека пратеникот Кастриот Реџепи не само што го погазил сопствениот збор поради материјални придобивки, туку го погазил и зборот на политичката партија БЕСА која што за разлика од него на денот на гласање пристигна во Собранието на Република Македонија.

Мицкоски: Власта сама себе се бојкотираше, пратеник како во Боливија читаше напишана изјава

Во вчерашното издание на дебатната емисија “Топ тема” гостуваше претседателот на...

Прашање на денови е кога ќе се удвои бројот на заразени, но состојбата од регионот каде има по 7000 заразени нема да се преслика кај нас бидејќи имунитетот од прележаност и вакцинираност е на задоволително ниво, вели епидемиологот проф. Д-р Драган Даниловски..

Д-р Даниловски: Прашање на денови е кога ќе се соочиме со бројка од 1000 заразени дневно

Тој во разговор за Канал 5 посочува оти државата не води сметка и не ги слуша медицинските...