
Вести
Избори 2020
Во изјава за грчки „Етнос“, вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, вели дека ДУИ е таа партија која ќе го бара мандатот за да состави Влада. Тој вели иако СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со своите коалиции освоија далеку повеќе пратенички места на предвремените парламентарни избори во средата сепак ДУИ треба ќе формира Влада бидејќи тие одлучуваат со кој ќе коалицираат.
“Во секој случај, резултатот од изборите покажува дека ние ќе утврдиме кој ќе влезе во нашата влада, а не некој друг. Затоа, проценувам дека ДУИ ќе добие мандат да формира влада и ние ќе одлучиме која партија на Северна Македонија ќе учествува во нашата владина коалиција “, рече Османи за „Етнос“ во денешното електронско издание.
ДУИ на предвремените парламентарни избори освои 15 мандати.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.