Пред само три дена Парламентот на Полска го ратификуваше протоколот за НАТО

Објавил: admin@magazin | 7 април, 2019 13:03

Османи: Евроатлантскиот напредок создава бизнис клима за инвестиции

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во рамки на работната посета на Португалија оствари средба со министерот за инвестиции и економски развој на Полска, Јежи Квиецињски, каде беа отворени темите за билатералната и економската соработка помеѓу двете земји, како и за поддршката од страна на Полска за европските интеграции на Република „Северна“ Македонија.

 

Османи нагласи дека Владата дава силна поддршка за економски раст и развој на државата

Пред само три дена Парламентот на Полска го ратификуваше протоколот за НАТО, и дозволете ми ја честа да ви ја пренесам искрената благодарноста на Владата и граѓаните на Република „Северна“ Македонија, за континуираната поддршка од страна на Република Полска, како билатералната, инвестирајќи во напредокот на нашата земја, така и поддршката за нашие евроатлантски амбиции, изјави Османи, посочувајќи и на улогата на Полска во креирањето на поддршката на процесот на проширување како во самата ЕУ, така и во рамките на земјите од Вишеградската група.

Во продолжение на средбата Османи нагласи дека Владата дава силна поддршка за економски раст и развој на државата, преку мерки со кои се стимулираат нови инвестиции за технолошки развој и повисока конкурентност на македонските компании, при што потенцираше дека странските инвеститори вклучително и полските може да очекуваат стабилна клима за инвестиции во нашата земја, како и финансиска поддршка и потполна соработка од страна на Владата.

„Северна“ Македонија има извесна евроатлантска иднина, што создава поволни услови за странските инвеститори, како и посебна околина за севкупниот економски развој. Ние како Влада сме особено посветени да обезбедиме предвидлива и прифатлива околина за странските инвестиции кои се добредојдени во земјата, истакна Османи, упатувајќи покана и до министерот Квиецињски за посета на земјава.

Претходно во рамките на повеќедневната работна посета на Португалија вицепремиерот Османи оствари средби и со министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантос Силва, како и со претседателката на Комисијата за европски прашања во рамки на португалскиот Парламент, Регина Бастос а во неговата агенда е и учеството на годишниот Хорасис глобален состанок (Horasis Global Meeting) кој е еден од водечките светски собири за бизнис на политички лидери каде оваа година дискусиите ќе се фокусираат околу темата „Катализирање на придобивките од глобализацијата”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Вкупните приходи пак се помали за 24%, но зголемената акциза и подобрата наплата на придонесите спасиле падот да биде помал од очекуваниот, задоволна е министерката за финансии Ангеловска.

Овој месец се потрошиле за 11% повеќе пари, така што дефицитот во моментов изнесува 307 милиони евра!

Наплатата на данокот на додадена вредност продолжува да паѓа. Во мај се собрале за...

Предупредувањето за намалување на јавната потрошувачка до 2% се претвори во пораст од 1,4% (53,7 милиони евра).

Алијанса за Албанците: Со овој ребаланс, Владата се демантира себеси во сите досегашни презентирани сценарија!

Дури и со овој ребаланс на буџетот, истата логика продолжува, иако во време на криза...