Треба добро да се анализира тоа дали е акт на еден човек или акт поттикнат од некој центар, бидејќи не сметам дека е случајно избран тој ден.
Не можам да кажам дали е член на некоја конструктура, има судски процес, но луѓето можат да бидат злоупотребени и нивните емоции во вакви случаи, вели македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи за палењето на влезната врата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“, за што е осомничен пејачот Ламбе Алабаковски.
Мислам дека е тешко баш коинциденција во истиот ден. Не би се осудил да направам оценка лично за извршителот. Не може кривично дело да биде оправдување за било која емоција што ја имаат луѓето. Треба да се испита контекстот, додаде Османи во гостувањето на емисијата „Само интервју“.
Ламбе Алабаковски вчера беше пуштен во домашен притвор, потврдил за Телма адвокатот на пејачот Дарко Стефановски.
По жалба на адвокатот на Ламбе Алабаковски Судскиот совет од битолскиот основен суд ја преиначи мерката притвор во куќен притвор.
Алабаковски вчера на попладне го напушти притворското одделение во затворот во Битола и е спроведен во неговиот дом, каде ќе ја издржува мерката.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.