Од средства на ЕУ се купуваат и дополнителни 30 респиратори од Кина, но моментално се преговара и за нивниот начин на транспорт до Македонија, додаде Османи.

Објавил: Едмонд Бекири | 26 март, 2020 13:31

Османи: Македонија ќе добие 55 респираторни машини

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Норвешката амбасада донира 25 респиратори за Инфективната клиника во Скопје, информираше вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи.

Османи рече дека апаратите моментално се во депо во Турција и во тек се разговори околу деталите за нивниот транспорт поради отежнатиот патен сообраќај.
Од средства на ЕУ се купуваат и дополнителни 30 респиратори од Кина, но моментално се преговара и за нивниот начин на транспорт до Македонија, додаде Османи.

-Ние овие 15 години досега имавме проблем да добиеме одлука за почеток на преговори за членство во Унијата. Одлуката значи политичка волја на 27 земји членки да ни дадат можност да влеземе во последната фаза од патот кон ЕУ кој ќе заврши со полноправно членство во Унијата. Остваривме огромна победа вчера со тоа што добивме одлука што не можевме да ја добиеме 15 години, реле Османи на денешната прес-сконференција одговарајќи на новинарско прашање.

 Македонија ќе добие 55 респиратори, а ќе има уште од Кина, која во моментов е „преплавена“ од барање за респиратори од многу земји.

Обезбедивме 25 респиратори од амбасадата на Норвешка, и се наоѓаат во депо во Турција, и сега преговараме како да ги транспортираме до тука. Од фондот на ЕУ добивме 30 респиратори, и тие се во Кина, исто така бараме начин како да ги донесеме, рече Османи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Вчера министерот за здравство Венко Филипче најави можни нови мерки за превенција за натамошно ширење на вирусот. Тој рече дека денеска ќе имаат дополнителна дискусија во рамки на Комисијата за заразни болести.

МАКЕДОНИЈА ВО ВТОРА ФАЗА СО 555 ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС- Денеска нови мерки и промена на полициски час?

Бројот на заболени од коронавирус во државава постојано се зголемува. Министерот Венко...

Пациентката позитивна на вирусот роди живо машко новороденче кое е недоносено и се наоѓа на интезнивна нега на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Резултатот за коронавирусот на бебето од Куманово чија мајка е позитивна е негативен!

Негативен е резултатот на бебето родено на 30 март од мајка која беше позитивна на коронавирусот,...