Македонија
Политика
Вчера во дебатниот магазин „ClickPlus“ на ТВ21 гостува Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи.
Тој вели дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кога вели Влада без ДУИ, мисли на Влада без Албанците!
„Ние имаме редовна координација и со Таравари и со Алијанса за Албанците. И тие се на ист став како ДУИ, дека спремни се да ја напуштат Владата. Мицкоски кога вели дека сака Влада без ДУИ, мисли на Влада без Албанците. Историски, дел од македонските политичари помогнати од службите работеле Албанците да бидат маргинализирани, но сега сменети се работите“, вели Османи.
Тој додава дека ДУИ води сериозни проекти во државата.
„Го координира проектот со Коридорот 8, но и други битни работи, на пример 30 години Министерството за надворешни работи нема организирано Меѓународен форум како Преспа Форум, и тоа им смета на дел од политичарите, како на Мицкоски на пример, и затоа сакаат ДУИ да не е дел од Владата“, вели Османи.
Министерот смета дека можеби случајно, и жали ако е тоа така, но агендата на Огнените се совпаѓа со агендата на ВМРО.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Политика
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.