Османи, во интервју изрази можност за селективна амнестија на лица кои биле колатерална штета и не биле свесни што ќе се случи на денот на инцидентот во Собранието на Македонија

Објавил: Мартин Попоски | 13 ноември, 2018 11:25

Османи најави амнестија за Мукоски, Василевски и Арнаудов

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во интервју, најави можност за селективна амнестија за учесници во немилите настани во Собранието минатата година.

Имено Османи за Радио слободна Европа во дел од прашањата за немилите настани во Собранието минатата година, најави можност за амнестија.

На прашањето колку формирањето на тело за национално помирување е надвор од очекувањата на меѓународната заедница и Европската комисија за целосна одговорност за инцидентот, Османи изјави.

Помирувањето не значи помилување, не значи амнестија како што беше сфатено. Обврска на премиерот е да ја покрене, да ја лансира идејата дека државата има потреба од помирување и ајде да ги видиме примерите, какви примери има во светот, коишто можат да бидат добра пракса, а ние можеме да ја имплементираме. Но, реков дека во тој процес на помирување не смее на ниеден начин да се промовира принципот на неказнивост на тие што се директно вклучени во насилство или организатори на насилство и тоа се тие црвени линии кои ги кажуваме во тој процес. Но доколку има добри практики во светот за помирување за настани од сличен карактер, дајте да ги разгледаме, државата сега има потреба од тоа, но никако тоа нема да го направиме надвор од линиите што ги поставува ЕУ.

Османи се осврна и на т.н. одметнати пратеници кои сега власта ги промовира во уставобранители од терористи на уставниот поредок.

Нека се разговара, доколку има такви моменти кои се колатерална штета на една погрешна кауза, а за тоа биле несвесни во моментот кога тоа се случило, а има таква пракса во светот, да го разгледаме и да видиме и се разбира дека тоа ќе биде во консултација на нашите меѓународни партнери.

На прашањето дали лично смета дека пратениците обвинети за случајот се колатерална штета, Османи изјави.

Не сум јас тој што треба да кажам, бидејќи не ги знам деталите од случувањата, меѓутоа претпоставувам дека таму имало луѓе кои што биле колатерална штета и не биле свесни ќе следи еден таков процес и едноставно се нашле таму. Доколку има простор за такво нешто мислам дека треба да се разговара.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Претседателот Иванов јасно го повтори својот став, НАТО и ЕУ интеграциите никогаш не биле доведени во прашање, штетниот Преспански договор е она што е камен кочничар

Иванов му одржа “лекција” и на заменик државиот секретар на САД

Претседателот Ѓорге Иванов, синоќа го прими Џон Саливан, заменик државен секретар...

Пропадна најавата дека државата конечно ќе добие квалитетно тело за борба против корупцијата, ни по 9 месеци СДСМ и ДУИ не се подготвени за транспаремтно работење

Обидот за формирање антикорупциска ги скара ДУИ и СДСМ

Кога државата не може цела година да формира состав на Комисијата за борба со корупцијата...

Зијадин Села, Сурија Рашиди и Горан Милевски се единствените пратеници кои не го поддржаа Законот за амнестија како резултат на комисијата за национално помирување

Три пратеници против законот за амнестија

Експресното гласање на Законот за амнестија во Законодавниот дом покажа дека полека...

Во акцијата на МВР останува отворено прашањето како во рок од два месеци во Македонија без санкции била внесена марихуаната од Албанија, а била наменета за Турција

Половина тон марихуана шверцувани во камионска приколка

Во координирана полициска акција на Граничниот премиер Богородица, запленети над...