Тој нагласи дека според сознанијата во предлогот се предвидува поглавјата да бидат групирани во кластери, по неколку слични поглавја во еден кластер.

Објавил: Весна Петровска | 18 јануари, 2020 9:58

Османи: Охрабрувачки се зборовите на Вархеји за новата методологија на ЕУ

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

По посетата на еврокомесарот Оливер Вархеји во Македонија, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи изјави дека новата методологија за преговори со ЕУ звучи охрабривачки.

– Првото е дека процесот завршува со членство во ЕУ и ако ние испорачаме и ЕУ ќе испорача. Второто е политичкото управување со процесот, повеќе од едно административно -бирократско, што значи дека ние ќе учествуваме во работните тела на Унијата и пред членството. И третото е динамичност, што значи дека брзината на преговорите ќе се наметне единствено од брзината којашто ние ќе ја наметнеме, истакна Османи во интервју за „360 Степени“.

Тој нагласи дека според сознанијата во предлогот се предвидува поглавјата да бидат групирани во кластери, по неколку слични поглавја во еден кластер.

– Во моментот кога ќе се постигне високо ниво на усогласеност се отвора еден кластер, а во тој момент се отвораат и сите поглавја во рамки на кластерот, со можност во една година да се затвораат сите поглавја од кластерот доколку динамиката е добра, истакна Османи.

Сепак, според вицепремиерот за евроинтеграции, веројатно се уште се дебатира околу прашањето дали прво треба да се затвори еден кластер за да се отвори друг.

– Самиот факт што еден од принципите е динамичност, дава охрабрување дека процесот може да се забрза доколку ние покажеме волја за тоа, потенцира Османи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Таа смета дека Мицкоски треба да замине од лидерската позиција на легален начин, односно да даде оставка и членството да си го избере лидерот.

Исмајлоска: Ако Мицкоски е толку сигурен во поддршката, ајде нека гласа цело членство

Поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска-Старова, која беше исклучена...

Протестот почна во 18.30 часот пред Министерството за правда, а продолжи преку мостот „Гоце Делчев“ се до зградата на Министерството за надворешни работи!

Мицкоски: Македонија освен мафија има народ кој си ја сака државата- овој народ го сака Делчев бидејќи е симболот на Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест се појави со црвена маичка со ликот на нашиот...

Започнуваме од денеска, но во деновите коишто следат ќе видите и други примери и други случаи на окрупнување на разни структури во рамките на опозицискиот блок.

ИНТЕГРА преминува во ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска одржа прес-конференција пред партиското...

Зад името на сегашниот генерален секретар во минативе три години се појавија голем број скандали. Најгласно во јавноста одекна аудио бомбата, каде се слушаше како Рашковски договара тендер за набавка на радарска опрема во М-НАВ.

Алфа неофицијално дознава: Рашковски заминува, Манчевски нов ген- сек на Владата

Дамјан Манчевски нов генерален секретар на Владата, неофицијално дознава Алфа телевизија....