Македонија
Вести
Поранешниот министер за здравство и актуелен вицепремиер за европски прашања, Бујар Османи во емисијата “Клик Плус“ на Тв21 рече дека се сомнева во бројката на заболени од коронавирус во земјава, односно дека е убеден оти бројот е многу поголем.
Јас сум сигурен дека бројот на заболени од корона вирусот е поголем од од овие досега потврдени 570. Зошто? Затоа што 80 проценти од заболените го поминуваат асимптоматски, рече Бујар Османи.

Османи кој беше министер за здравство во периодот на пандемијата со свински грип истакна дека, по овој основ го советувал министерот Филипче. Османи кажа дека првата работа што му ја посочил на Филипче што сега треба да ја направат, како мала држава, е да се поврзат со големите држави, за во моментот кога ќе излезе вакцината, да може да ја купиме заедно.
Инаку според последните информации во земјава има 570 луѓе со коронаврус од кои 239 се од Скопје. Вчера во 15 часот беше соопштено за 15 новодијагностицирани и за тројца починати, додека денеска бројот на починати се искачи на 25 лица, вклучувајќи ги и новопочинатите четири лица.
Заклучно од утре на сила стапува новата мерка на Владата, за спречување на ширењето на заразата, па полицискиот час ќе биде од 16 до 5 часот во работни денови и целодневен во сабота и недела.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.