Стручните лица од животната средина ја потенцираа потребата од итно прогласување на Шар Планина за национален парк.

Објавил: Сара Фемина | 21 септември, 2019 15:23

ОСМАНИ: „Шар Планина е едно од најзначајните подрачја за зачувување на природата во Македонија„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Вицепремиерот Бујар Османи, пред голем број амбасадори, претставници на меѓународни организации, градоначалници и други гости во шарпланинската област Шипковички бачила рече дека со своите убавини и богатства, Шар Планина е едно од најзначајните подрачја за зачувување на природата не само во Македонија, туку и на регионално и на Европско ниво.

Процесот на прогласувањето на Шар Планина за национален парк финишира заедно со процесот на почнување на преговори за членство во Европската унија, рече вицепремиерот Бујар Османи.

Османи истакна дела во овој сегмент, еден од условите што Македонија треба да ги исполни како идна членка на ЕУ е да ги задоволи пропишаните европски регулативи во врска со зачувување на биодиверзитетот, односно обезбедување степен на заштита на барем 12 проценти од вкупната своја територија. 

Процесот на прогласувањето на Шар Планина за национален парк финишира заедно со процесот на почнување на преговори за членство во Европската унија, рече вицепремиерот Бујар Османи.

Заедно со општината и со амбасадорите ја промовираме потребата од прогласување на Шара за национален парк. Работите привршуваат и во наредните месеци очекуваме тоа да се реализира и драго ми е што таа динамика коинцидира со процесот на започнување на преговори со што даваме две пораки дека политички созреваме да станеме дел од Унијата, а и дел од практичните прашања како што е животната средина сме подготвени да ги живееме европски. Република Македонија има девет проценти заштита во смисла на биодиверизитетот, а со прогласување на Шар Планина, тој процент бил се зголемил на 12 проценти со што се доближуваме на европските стандарди за заштитено подрачје, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Тука сме во сличен контекст, да употребам стручен термин – во насока на промоција на „зачувувањето на биодиверзитетот“. Во овој сегмент, еден од условите што Македонија треба да ги исполни како идна членка на ЕУ е да ги задоволи пропишаните европски регулативи во врска со зачувување на биодиверзитетот, односно обезбедување степен на заштита на барем 12 проценти од вкупната своја територија. Но, дозволете да испратам друга порака. Ајде за оваа идеја, за оваа вредност или стандард да одиме чекор понатаму. Ајде да го заштитиме биодиверзитетот на уште поголеми пространства, и да со тоа да бидеме убавиот дел од Европа – истакна Османи.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, рече дека важно е да се прогласи Шара за национален парк, да се зачуваат природните богатства и да се развие еко туризам кој ќе биде додадена вредност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Миле Јовановски и Виктор Стојчев се соседи. Јовановски е обвинет дека физички го нападнал Стојчев и тешко го повредил. Сведок на настанот бил и Боки 13, кој денес заради економичност на постапката не беше спроведен од затворот во Шутка каде што е во притвор како обвинет во „Рекет“. Но, тој ќе сведочи понатаму, пишува СДК.мк

НЕ СУМ СТАЛОНЕ ДА ГО ИСТЕПАМ ПОПОТ ЗА МИНУТА – вака дрско одговори таткото на Боки 13 по судењето за физички напад

Без воопшто да го извести судот, скопската обвинителката Имран Османи едноставно не...

Двајца возачи на патничко моторно возило, сопатник и еден пешак биле тешко повредени во четири од вкупно 30 сообраќајни незгоди што изминатиот викенд се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

КАДЕ ЌЕ МУ ОДИ ДУШАТА: Со автомобил помина на црвено, удри пешак кај Соборна и избега

Сообраќајна несреќа се случила денеска на раскрсницата кај Соборен Храм. -Пред 5 мин....

Исто така една изборна единица е предлог од 12 пратеници меѓу кои има и вонпарламентарни а според нив ќе обезбеди плурализација, поголем избор за граѓаните и демократизација.

Изборите повторно без попис – Македонците повторно не избројани

Одлуката за предвремени парламентарни избори токму во април кога конечно требаше...