За директор ставил лице кое не ги исполнувало условите

Објавил: Калина Мартинска | 2 октомври, 2024 11:04

Осмо обвинение за Рамиз Мерко

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Основното јавно обвинителство Струга поднесе уште еден Обвинителен предлог против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Овој пат ќе се гони за несовесно работење во службата.

„Обвинетиот свесно ги повредил законските прописи при именување вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Радолишта“, велат од Јавното обвинителство.

Иако Законот за основно образование предвидува дека вршител на должноста директор се избира од редот на вработените во училиштето кои ги исполнуваат условите за директор, обвинетиот на 12.01.2022 година за вршител на функцијата во училиштето во Радолишта именувал лице кое не ги исполнувало таквите услови, односно немало работно искуство од најмалку пет години во воспитно-образовна работа.

Именуваната ја вршела функцијата директор на училиштето во периодот од 12.01.2022 до 31.07.2023 година, за кој период и биле исплатени плата и придонеси како в.д. директор со што му била нанесена штета на училиштето.

Ова е осмо обвинение кое е поднесено за Рамиз Мерко.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Швајцарската влада сака да може подобро да ја контролира имиграцијата. Така економистот Рајнер Ајхенбергер доаѓа со провокативно барање: Секој што сака да се насели во Швајцарија ќе мора да плати.

Економист бара данок од 50.000 франци за сите кои сакаат да се преселат во Швајцарија

Високото ниво на имиграција во Швајцарија ги посгрева умовите на луѓето. Транспортната...