Најавена прес-коференција

Објавил: Калина Мартинска | 21 март, 2025 10:19

Основното јавно обвинителство Кочани отвори истражна постапка против 27 физички и три правни лица

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани.

Деталите за истрагата, осомничените и предложените мерки за обезбедување ќе бидат соопштени на пресконференција пред зградата на Основното јавно обвинителство Кочани денеска, стои во соопштението од Основното јавно обвинителство Кочани.

Судот им одреди триесетдневен притвор на 13 осомничени за трагедијата во Кочани во која загинаа 59 млади луѓе, а околу 200 се тешко повредени. Меѓу оние на кои им е одреден триесетдневен притвор откако два пати им беше одредуван краткотраен 48-часовен притвор се поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, поранешниот директор Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути и други приведени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести