Бледи Чучи, министерот за земјоделство и кординатор за менаџирање со кризи во Албанија на денешната седма по ред вонредна седница на албанската Влада, истакна дека сите оние кои во земјотресот останаа без покрив над глава се сместени во хотел и се на безбедно.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 декември, 2019 14:16

Останаа без покрив над глава по земјотресот: 4.000 лица сместени во хотели а 6.500 во шатори

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Оштетени 525 куќи и 3.100 станови, е билансот во Тирана по катастрофалниот земјотрес кој минатата недела ја погоди Албанија и по што починаа над 50 лица.

Бледи Чучи, министерот за земјоделство и кординатор за менаџирање со кризи во Албанија на денешната седма по ред вонредна седница на албанската Влада, истакна дека сите оние кои во земјотресот останаа без покрив над глава се сместени во хотел и се на безбедно.

Со денешната седница раководеше вицепремиерот Ерион Браче, поради отсуство на премиерот  Еди Рама, кој е во Лондон на Самитот на НАТО и соопшти дека гоелма е бројката на оштетени објекти и лица сместени во шатори и хотели.

Министерот за земјоделство и кординатор за менаџирање со кризи, Бледи Чучи, рече дека во Тирана се оштетени 525 куќи и 3.100 станови.

Министерот за земјоделство и кординатор за менаџирање со кризи, Бледи Чучи, рече дека во Тирана се оштетени 525 куќи и 3.100 станови.

– Што се однесува за сместувањето на луѓето погодени од земјотресот, 4.000 лица се сместени во хотели, 2.054 во сали, додека 26 се уште се во болници. 6.500 луѓе се под шатори додека 390 во социјални станови. Големи оштетувања има кај 36 учлишни објекти од нив четири во Тирана. 12 сопственици во Драч, изразија готовност сами да ги покријат штетите од земјотресот -рече Чучи.

Чучи на седницата изрази благодарност до сите оние кои покажаа солидарност во овие тешки моменти за Албанија и истакна дека продолжува да пристигнува помош од Турција, Косово, Црна Гора, Македонија, Хрватска и други земји.

Вчера на владината седница од страна на пратениците во македонското собрание беше прифатено да се додели хуманитарна помош на Република Албанија, што се состои од 3.716 ќебиња, за потребите на настраданите во земјотресот од 26.11.2019 година кој го погоди градот Драч и околината.

Како што соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста, владата денеска ја одобрила и постапката за преговори за потпишување Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за отворање нов заеднички Граничен премин „Лојане-Миратовац“.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Во секоја земја на Европската унија, по таков политички гаф, ќе следеше оставка или негова смена

Скандал ја тресе Хрватска! првиот човек на Институтот за јавно здравје седи на картон со Вакцини

Хрватскиот  биолог и научник  Иван Џикиќ денес изјави дека бил шокиран кога видел...

Најголем број на невработени се високо квалификувани, а 134.116 од нив се регистрирани во септември, по што следат оние со средно образование - 122.432, а 110.413 се неквалификувани.

Расте невработеноста во БиХ: Во септември без работа 14.602 лица повеќе отколку минатата година

Во септември, во БиХ се регистрирани 417.957 невработени лица, што е за 14.602 повеќе отколку...

Во последните 24 часа се евидентирани 4.135 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 25.270.

ХРВАТСКА ПОВТОРНО ГО ОБОРИ ЦРНИОТ РЕКОРД: Уште 78 смртни случаи од коронавирус

Повеќе од 4.000 новоинфицирани лица со корона се евидентирани денес во Хрватска! Во последните...