Македонија
Вести
На 6 месечна казна затвор е осуден Александар Митовски, главниот и одговорниот уредник на порталот „Инфомакс“. По донесената пресуда во јавноста се создаде поделено мислење околу исправноста на одлуката на судот за доделување на казна затвор за новинар. Едните сметаат дека секој што го загрозил правото и за тоа се изнесени доволно докази треба да одговара пред органите на правдата независно од неговата дејност. Други сметаат дека доделување на затворска казна за новинарите е обид тие да се уценат и замолчат.
Александар Митовски кој беше осуден на 6 месечна казна знатвор во денешното гостување во вестите на Алфа во 14:30 часот изјави дека судската одлука е производ на политичките притисоци кои власта ги врши врз сите критички настроени новинари.
Во исто време Митовски посочи дека неговиот пример го открива лицемерието на СДСМ и дека ова што се случува во 2020 година е чист режим, а не она што се случувало пред тие да ја преземат власта. Тој воедно изрази сомнение дека неговото осудување на казна затвор е обид пред изборите да се замолчат новинарите за да не ги откриваат криминалите и скандалите на СДСМ.
Според Митовски изборите на 12ти април треба да стават крај на, како што вели тој „режимот“ и да се случи промена на власт која ќе е предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Митовски пренесе дека е шокантно тоа што во овој момент тој е единствениот осуден новинар во Европа.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.