Халачи прислушкуваните материјали ги прати во јуни годинава прво до обвинителката која го води случајот „Монструм“, Фатиме Фетаи, а потоа и до поранешното Специјално јавно обвинителство поврзани со петкратното убиство.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 декември, 2019 12:43

Осуден во „Диво Насеље“ пратил снимки на Фатиме Фетаи и Ел Чека за „Монструм“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото миа

Шевчет Халачи, обвинет во случајот „Диво Насеље“ пратил снимки од случајот Монструм на обвинителката Фатиме Фетаи, дознава Фокус.

Халачи прислушкуваните материјали ги прати во јуни годинава прво до обвинителката која го води случајот „Монструм“, Фатиме Фетаи, а потоа и до поранешното Специјално јавно обвинителство поврзани со петкратното убиство.
Имено како што објави Фокус, осомничениот за Диво Насеље , Шевчет Халачи прво и се јавил на Фетаи и ја известил дека поседува  140 гига бајти прислушувани разговори кои тој ги праќал на Ел Чека.

Халачи снимките ги испратил и до сега веќе поранешното специјално обвинителство, СЈО, а меѓу нив имало снимки и за други случаи.

Овие снимки јавноста веќе ги има слушнато и тоа се разговорите кои ги водеа бизнисменот Орце Камчев и новинарката Оливера Трајковска за овој случај.

12.04.2012, Велики четврток, Смилковско езеро. На оваа дата и место, пред точно 7 години свирепо беа убиени Филип Славковски (18), Александар Наќевски (18), Цветанчо Ацевски (18) и Кире Тричковски (20) од Радишани и Борче Стевковски (45) од Црешево.

Инаку се уште е во тек судењето за случајот Монструм. Денеска во судницата ќе се читаат и четири папки од МВР со целиот редослед на предистражната и истражната постапка што се водела за целиот случај.

Годинава поминаа седум години од масакрот кај Смилковско Езеро.

Ова грозоморно петкратно убиство ја зави Македонија во црно.

На местото каде тогаш беа убиени Филип, Александар, Цветанчо, Кире и Борче, денес има изградено црква „Светите Четириесет Маченици- Младенци“ и два обелиска кои вечно ќе го означуваат споменот за сите петмина, но и ќе сведочат за масакрот кај Смилковско езеро.

За овој случај се уште не е никој осуден.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во јуни од страна на Министерството за здравство со цел почнување со работа на градинките беше воведен скрининг кај вработените во градинките, и тогаш немаше ниту еден позитивен случај. 

Две воспитувачки во тетовските градинки заболени од Ковид-19

Денеска директорката на општинската јавна установа детски градинки „Младост“ Рамије...

Тој е еден од низата македонски високообразовани кадри кои завршија во двете најмоќни банки во светот изминатите години.

Драган Тевдовски замина од Македонија- ќе работи во Вашингтон

Поранешниот министер за Драган Тевдовски, пред неколку дена ја напуштил Македонија. Според...

Таа посочи дека Марковски јавно уште на самиот почеток на пандемијата повикуваше да се заразат што повеќе луѓе со коронвирусот, зборуваше дека вирусот не е опасен и дека студенти по медицина низ светот намерно се заразувале со Ковид-19.

Портпаролката на СДСМ го обвини Вело Марковски: Jавно ги поткопуваше мерките за заштита од ковид 19 и ширеше страв во јавноста

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешноот обраќање пред новинарите рече...