Охридскиот рамковен договор всушност е договор за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија, потпишан на 13 август 2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД. Охридскиот договор е склучен во текот на ескалацијата на насилства помеѓу етнички албанската ОНА и македонските вооружени сили во Конфликтот од 2001. Поради тоа, многу граѓани, особено од македонска националност, го сметале договорот за насилно изнуден и неприфатлив.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 август, 2019 9:53

Осумнаесет години од потпишувањето на рамковниот договор

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото нова македонија

На денешен ден пред точно 18 години беше потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година.

Охридскиот рамковен договор всушност е договор за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија, потпишан на 13 август 2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД. Охридскиот договор е склучен во текот на ескалацијата на насилства помеѓу етнички албанската ОНА и македонските вооружени сили во Конфликтот од 2001. Поради тоа, многу граѓани, особено од македонска националност, го сметале договорот за насилно изнуден и неприфатлив.

Осумнаесет години од потпишувањето на Охридскиот Рамковен договор

Осум години подоцна (2009), експертите и граѓаните се сѐ уште поделени околу тоа дали е Охридскиот договор извор на стабилност или, напротив, извор на нестабилност за Република Македонија. Сепак, договорот и понатаму доследно се спроведува и се претвори во платформа за промоција и заштита на правата на припадниците на албанската етничка заедница.

Преговорите се одвивале во Вилата Билјана во Охрид во текот на јули и август 2001, каде што е и парафиран договорот на 10 август 2001, па оттаму го носи и името Охридски договор.

Преговорите траеле речиси еден месец и во нив учествувале претседателот на РМ Борис Трајковски, претставниците на политичките партии: Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ, Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Имер Имери, претседател на ПДП, и Арбен Џафери, претседател на ДПА, потоа претставници на ЕУ: Франсоа Леотар и Хавиер Солана, претставници на САД: Питер Фејт и Џејмс Пердју, разни советници и експерти: Владо Поповски, Љубомир Фрчковски и други.

Преговорите биле мошне напнати, бидејќи се одвивале паралелно со вооружени непријателства помеѓу двете страни. Во неколку наврати постоела можноста да се прекинат преговорите и конфликтот да ескалира во отворена граѓанска војна. Според книгата на Петрит Менај, „ОНА-порака и надеж“, во преговорите индиректно, т.е. телефонски бил консултиран и Али Ахмети, иако тој формално не бил учесник на преговорите.

По имплeментацијата на Охридскиот рамковен договор, повеќе од 130 закони, законски измени и дополнувања се донесени во изминатите години, од кои најголем дел – 59 се закони за недискриминација и правична застапеност, 40 се во сферата на идентитет, култура, образование и децентрализација на власта.

За успешна имплементација на договорот, беше формиран Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор, како дел од Владата, тогаш беа вработени и многумина припадници на другите етнички заедници, но се уште е јавна тајна дека вработените не се распоредени во јавната администрација, па седат дома и земаат плата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

На новите маички кои се голем хит во Грција, стои Сонцето од Кутлеш пред и по Заевото брусење на капаците од шахтите.

Грците се пошегуваа на наша сметка: Носат маички со изгребаното Сонце од Кутлеш

Откако пред четири дена Владата донесе наредба за отстранување на сонцето од Кутлеш...

Како што беше објавено наводно во телефонот на Боки биле пронајдени и експлицитни фотографии од нивното интимно дружење. Порталот објави дека фотографиите сега се во рацете на истражните органи во Скопје, кои утврдуваат дали врската на водителот и српскиот политичар има врска со аферата Рекет.

Пронајдени СМС пораки, експлицитни фотографии и две видеа кои докажуваат дека Боки бил во врска со српски политичар?

Откако завчера српски Телеграф излезе со насловна страна на која стоеше дека Боки...

Како што објави српски Курир, наводно  Боки нагласил дека ако тоа не го направат во рок од три дена, ќе изнесе во јавност докази за нивната вмешаност во рекетирањето, односно вмешаноста во случајот Рекет за кој тој е првоосомничен и во моментот се наоѓа во затворот во Шутка.

Боки 13 бара преместување на психијатрија, се заканил со докази против Заев

Првоосомничениот за случајот Рекет Бојан Јовановски испратил порака до државниот...