За учениците кои немаат пристап до онлајн настава државата предвиде тие да доаѓаат во училиште и да земат печатени материјали од лекциите кои ги предаваат професорите онлајн.

Објавил: Македонка Димкин | 25 јануари, 2021 10:53

Осум илјади или 10, 4 проценти од б9 илјади средношколци во држават немаат пристап до онлајн настава

Фото/Текст извор: ©пртинскрин / слободна европа

Средношколците ги мачи прашањето што ќе биде со матурата. МОН кажа дека испитите нема да бидат изменети. Тоа предизвика критики дека во ситуација кога осум илјади средношколци немаат пристап до интернет не е чесно да се очекуваат добри резултати од учениците и професорите.

Министерството за образование не се откажува од досегашниот концепт на државната матура иако многу средношколци се разочарани од квалитетот на онлајн наставата во време на пандемија, а државата нема ниту решение за проблемот со средношколци кои немаат технолошки услови да следат виртуелни предавања.

Напротив од МОН оценуваат дека наставата 90 проценти се одвива успешно. Но, за овој заклучок не добиваат поддршка од Сојузот на средношколци кои бараат да се намали бројот на предмети за матура од четири на два, наведувајќи дека отсуствуваат услови за одржување испити како да е вообичаена ситуација.

Во какви услови се одвива наставата зборува и податокот дека на почетокот од училишната година во октомври имаше бројка дека 40 илјади ученици од основните и средните училишта немаат пристап до онлајн настава зашто немаат било какви технолошки помагала.

Од министерството посочија дека во меѓувреме се отишло чекор понапред и дека има зголемување на процентот на ученици кои следат онлајн настава. Но, и натаму меѓу организациите кои се занимаваат со младински политики, големо внимание привлекува податокот дека дури 10, 4 проценти од средношколците немаат пристап до оналјна настава.

Според податоците на Младинскиот Образовен Форум добиени од министерството дури 20 проценти од учениците во основно и средно образование немаат пристап до онлајн настава.

Истражувањето што МОФ го направија со средношколци во април покажа и дека голем дел од нив беа разочарани од наставата по пат на комјутер. Најчесто имале случаи каде професори не се појавувале, не предавале како што треба има дури и понекои предмети каде воопшто не ни го виделе професорот односно само комуницирале со него преку маил. Тоа особено го отежнува проблемот.
Од МОФ велат дека оваа учебна година за учениците беше поинаква од кога било досега поради пандемијата која им донесе не само промени во образованието туку и во социјализацијата и приватноста и оти при водењето политики МОН треба да се управува oд тоа дека има вонредни услови. Баралаковски очекува дека “несомнено оти овогодинешното полагање на матурата ќе претставува нешто уникатно со оглед на уникатна година од аспект на пандемијата”
Од Сојузот на средношколци наведуваат дека има ученици чии родители поради пандемијата останале без работа, како и тоа дека некои ученици немаат адекватни услови за работа.
Од друга страна, има и согледувања дека ученците поради пандемијата не се “претргнаа” со учење поради пандемијата и неодењето на училиште и оти треба да се води сметка да не падне квалитетот на образованието.
Барлаковски вели дека МОН треба да ги премери сите аргументи во носењето на одлуката за матурата.Тој посочува дека министерката Царовска и средношколците треба да постигнат компромисно решение кое ќе биде во интерес на учениците и нема да придонесе за намалување на квалитетот на образованието.
“Разбирливи се реакциите на средношколците кои чувствуваат неправда зашто имаа неквалитетна настава .Голем дел од учениците воопшто не се задоволни. Треба да има промени во полагањето преку поинтензивна работа со учениците. Може да се размислува и за намалување на потребната содржина за да се полага”вели Барлаковски.
Предлогот на МОФ е една од многубројните алтернативи кои се појавија во медиумите во врска со полагањето на државната матура.

Од овие причини со постапката на министерката не се согласуваат и од Младинскиот образовен форум, потенцирајќи дека не е чесно во ситуација кога нема значајно намалување на ученици кои немаат пристап до онлајн настава да нема измени за испитите кои се услов за запишување на факултет.

“Многу е важно да се најде компромис со оглед на бројките на ученици кои не следат настава како и квалитетот на наставата односно незадоволство. Тоа треба да се има предвид и нема да биде фер да се бара матурски испит како да имало нормална година” , вели Петар Барлаковски од МОФ кој дополнува:

“На почетокот имаше бројка дека 40 илјади ученици немаат пристап до онлајн настава зашто немаат било какви технолошки помгала. Според последните податоци со почетокот на второто полугодие 80 проценти ја следат онлајн наставата што е зголемување за 10 проценти но и натaму има 20 проценти на ученици кои немаат пристап, а нема конкретен план како да се реши овој проблем”?

Осум илјади или 10, 4 проценти од б9 илјади средношколци во држават немаат пристап до онлајн наства зашто немамат компјутер или интернет, посочува Бленди Ходаи претседател на Сојузот на средношколци, наведувајќи дека логично е да има измена на концептот на полагање на државна матура кога немаат сите подеднакви услови да следат настава .

“Ова е голем проблем зашто има дискриминација на средношколците. Образованието не е услуга туку основно право и секој има право да следи настава, а не 8 илјади да не можат, а другите да можат” вели Бленди Ходаи.

За учениците кои немаат пристап до онлајн настава државата предвиде тие да доаѓаат во училиште и да земат печатени материјали од лекциите кои ги предаваат професорите онлајн.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Собранието вчера попладне и изгласа доверба на Владата, откако претходно тоа од пратениците усно го побара премиерот Зоран Заев!

Заев: Да ги изгласаме клучните Закони во Собранието и сите да работиме во функција на развој на државата

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев на денешниот официјален...

- Селата се наоѓаат во зоната за одржливо користење, која е внимателно предложена со цел да овозможи непречено функционирање на луѓето во населените места на целата територија на паркот.

Нашата држава ќе добие прв Национален парк од прогласувањето на независноста

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната прес–конференција...

„Ред е да се соочиме и да расчистиме, да го видиме на дело тоа толку многу најавувано наводно мнозинство од опозицијата кое наводно ќе ја падне оваа Влада. Ова е моментот кога ќе им покажеме на граѓаните колку има вистина во зборовите на опозицијата.

Заев Собранието ѝ изгласа доверба на Владата

Собранието на Република Македонија вчера изгласа доверба за Владата со мнозинство...