Граничните премини Јариње и Брњак се отворени денеска, соопшти косовската полиција.

Објавил: Едмонд Бекири | 30 декември, 2022 15:23

Отворени граничните премини Јариње и Брњак на северот на Косово

Фото/Текст извор: ©360

Полицијата наведува дека по речиси три недели првите автомобили поминале на овие премини од територијата на Косово кон Србија и обратно

Граничните премини Јариње и Брњак се отворени денеска, соопшти косовската полиција.Овие два премини со Србија на северот на Косово се затворени од 10 декември поради влошување на безбедносната состојба откако припадниците на српската заедница подигнаа барикади.

Полицијата наведува дека по речиси три недели првите автомобили поминале на овие премини од територијата на Косово кон Србија и обратно.

Се додава дека полициските службеници на северот на Косово како и на премините ќе продолжат „да ги извршуваат своите должности и законски овластувања во интерес на уставниот поредок“.

Барикадите на администартивниот премин Мердарее беа отстранети вчера.

Барикадите на граничните премини на северот на Косово првично беа подигнати поради апсењето на поранешниот косовски полицаец Дејан Пантиќ, кој сега е во домашен притвор.

Тоа беше едно од барањата за отстранување на барикадите, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека добил гаранции од САД и ЕУ дека ќе се исполнат и другите барања на Србите.

Станува збор за барања лицата кои биле на барикадите да не бидат кривично гонети, а КФОР (мисијата на НАТО на Косово) да гарантира дека нема да дозволат влез на косовските специјални единици да одат на север.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Најчитани вести

[jetpack_top_posts_widget title="" count="5" types="post" display="list"]

Останати вести од Косово

Тие оценија дека безбедносната состојба на северот на Косово е вознемирувачка и тензична.

ЕУЛЕКС: Вознемирени сме од присуството на вооружени и маскирани лица и групи на север од Косово

Мисијата на Европската унија за правда (ЕУЛЕКС) денеска соопшти дека за време на патролите...

Според „Репортери“, од КФОР не одговориле дали ќе учествуваат во отстранувањето на барикадите на северот.

КФОР: Ги следиме настаните на Косово, во контакт сме со претставниците на Белград и Приштина

Мировната мисија на ОН предводена од НАТО на Косово (КФОР) соопшти дека внимателно...

Земјите од Квинте, заедно со високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, бараат да се отстранат барикадите на север затоа што се нелегални, напиша Брнабиќ на Твитер и го критикуваше Брисел.

Брнабиќ: Барикадите што ги подигнаа Србите се повик за мир

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека барикадите што ги поставија Србите...

Поради ситуацијата на Косово, војската на Србија е во состојба на готовност и подигнато е нивото на борбена готовност. Не можеме да бидеме опуштени, Србија е сериозна држава, преземна одговорност за сите можни проблеми истакна спрскиот

Во Косово стапи на сила одлуката за замена на српските со косовски регистарски таблички

Во Косово стапи на сила одлуката за замена на српските со косовски регистарски таблички...