Саемот трае 8 дена и е достапен 24 часа на ден преку сите десктоп и мобилни уреди. Сè што ви треба е интернет!

Објавил: Владо Марин | 12 октомври, 2020 11:29

Отворени над 500 работни позиции: Во тек е најголемиот онлајн саем за вработување во Македонија и регионот

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

 

Од 7 до 14 октомври посетете го најголемиот регионален онлајн-саем за вработување и испратете ја својата работна биографија за над 500 отворени понуди за вработување!

Со еден клик на веб-страницаата www.regionalensaemzavrabotuvanje.com посетете го најголемиот регионален онлајн-саем за вработување, на кој повеќе од 80 компании од Македонија и регионот бараат вработени за над 500 слободни позиции. Отворени се повеќе од 100 работни места само во Македонија.

Компаниите бараат нови вработени во секторите ИТ, трговија и финансии, а секој што ќе го посети саемот, освен што ќе може да аплицира на отворените работни позиции, ќе може и да разговара со својот потенцијален работодавец преку чет или видеоповик.

Саемот трае 8 дена и е достапен 24 часа на ден преку сите десктоп и мобилни уреди. Сè што ви треба е интернет!

Компании изложувачи на саемот се: „А1 Македонија“, „Кроација осигурување“, НЛБ банка, „Македонски телеком“, „Магна интернационал“, „Телеперформанс Скопје“, „Киел Македонија“, „Дата мастерс“, Aptiv, BREON, „Маркарт“, „Костал“, „Алкалоид“ АД Скопје, „Лакталис“, ЕСИ, Loka, Vipper.com и SPAR Hrvatska.

Саемот до денес го посетија над 40.000 посетители од Македонија, а ќе биде отворен до среда (14 октомври), па затоа побрзајте и посетете го на www.regionalensaemzavrabotuvanje.com – можеби вашето ново работно место се крие таму!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Работа

Нови работни места ќе има и за двајца манипуланти за големите корисници, кои ќе добиваат по 16.500 денари месечна плата, како и пет насочувачи, што ќе ја имаат истата плата.

Пошта распиша конкурс -се бараат 80 работници

Граѓаните уште не се задоволни од нивните услуги, но Македонски пошти набргу ќе добијат...

Податоците на приватната агенција за вработување „АДП“, покажуваат дека овие бројки се далеку поголеми од очекуваните. Компаниите во Америка отвориле 271.000 работни места.

Нови 271.000 работни места во Америка

Американските компании во декември отвориле 271.000 работни места. Новите податоци на...