Честитки до професорката д-р Гордана Силјановска Давкова за храброста и одлучноста во ова пресудно историско време за македонската држава и народ

Објавил: Македонка Димкин | 16 февруари, 2019 23:58

Отец Ивица: Во моментов на македонската држава и треба крајно РАЦИОНАЛЕН претседател

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Честитки до професорката д-р Гордана Силјановска Давкова за храброста и одлучноста во ова пресудно историско време за македонската држава и народ да прифати да се кандидира за претседателка на Македонија! напиша на својот фејсбук профил отецот Ивица.

Таа е рационален избор! Настрана сега емоции, неаргументирани и нереални очекувања, заслуги, мажествености, силни зборови! Според мене, во моментот на македонската држава и треба крајно РАЦИОНАЛЕН претседател, и тоа легалист! А професорката д-р Гордана Силјановска Давкова е баш таква!

Исто така, затоа што бев запрашан од еден мој круг на пријатели и познаници, тврдам дека следните претседателски избори, од рационални, а не од емотивно – морални причини, не треба да се бојкотираат!


Колку и да се матни и збунувачки времињата во кои живееме , молитвите и љубовта од нашите најмали ни дава и сила и мотив за борба!

Потребно е со огромен број на избирачи да се избере рационалниот кандидат, Гордана Силјановска Давкова, за претседател на Република Македонија!

Така на сите моментални, но и идни предавници и одработувачи, а и странски ментори, ЌЕ ИМ СЕ ПОКАЖЕ дека македонскиот народ и сите одговорни и лојални граѓани на Македонија не прифаќаат ПОНИЖУВАЊЕ, а и не заборавиле што е тоа ДОСТОИНСТВО!


Болката од направената неправда кон нас како народ и мене ме боли – како што ги боли и сите оние што знаат да направат разлика помеѓу правда и неправда!
Се им е јасно на оние што им е јасно! И затоа нема време за тагување, меѓусебно зајадување, беспотребно арчење на македонска енергија…..

Пред нас е огромниот предизвик да покажеме и докажеме дека НИЕ НАВИСТИНА СМЕ НАРОД НА СОНЦЕТО!

Тоа наше СОНЦЕ започна да зајдува минативе месеци, но тоа исто СОНЦЕ во месеците, а и годините што се пред нас треба повторно да изгрее во сета своја полнота, убавина, сила и ПРАВДИНА!

Уште утре, без губење време и меѓусебно арчење, туку обединето да го направиме првиот чекор за враќање на нашето нарушено достоинство!
Првин претседател, во случајот претседателка, а потоа и нова Влада која ќе ги залекува раните направени врз македонското тело од „неразбрани трговци“ и полуписмени обработени креатури!

Довербата обединува! Вистината ослободува!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Таа напиша дека Македонците го изгубиле правото на самоопределување како свој народ, а на сцена допрва треба да стапат како граѓани или да исчезнат.

Ванковска: „Македонците се изедначија со Албанците- го изгубивме правото како народ„

Универзитетската професорка и колумниста проф. д-р Билјана Ванковска на социјалните...

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров попладнево преку порака на Фејсбук му го честиташе изборот на Стево Пендаровски

Изборот меѓу Силјановска и Пендаровски не е тежок. Со среќа Стево!

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров попладнево преку порака на Фејсбук...