Брачна двојка од Србија, која замина на одмор на грчкиот остров Евија, во моментот се наоѓа во болница во градот Ламја на лекување со Ковид 19.
Според телевизијата Star.gr, туристите дошле во Грција во саботата во група од 80 лица, а вчера мажот покажал симптоми што му се припишуваат на Ковид 19.
Двојката била пренесена со такси до Ламија, додека другите членови на групата биле сместени во хотелски карантин.
Според градоначалникот Едипсос, три групи Срби пристигнале во автобуси во саботата, вкупно 80 лица, кои биле сместени во три различни сместувачки места.
Членовите на групите се лоцирани од туристичките агенции и нивните претставници во Грција, а сите туристи сега се под надзор, пренесува ТВ Стар.гр.
Инаку Грција пред два дена ја затвори границата за српските граѓани освен за неопходните патувања за кои е потребна посебна дозвола, а српските граѓани кои веќе се во Грција како туристи, ќе можат да останат таму до крајот на аранжманот и да се вратат во својата земја.
„Ги предупредуваме граѓаните да не одат во Грција за да ја избегнат ситуацијата да се најдат на патот или на грчките гранични премини без можност да влезат на територијата на Грција“, рече српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за „Танјуг“.
Портпаролот на владата во Атина, Аристотелија Пелони, рече дека „според новите епидемиолошки податоци, решено е да се запре влезот на српските граѓани во Грција од понеделник, 6 јули, во шест часот наутро, јави агенцијата Ана-Мпа.
Суспензијата ќе трае до 15 јули. Грција ја отвори границата за граѓаните на Србија и другите земји на 1 јули, по што голем број на туристи од Србија заминаа на одмор во таа земја.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.