Поради сѐ поголемиот број смртно настрадани од ковид-19 првпат во историјата овој музички натпревар е откажан.

Објавил: Сара Фемина | 18 март, 2020 21:32

ОТКАЖАНА Е ЕВРОВИЗИЈА!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Овогодишниот Евросонг кој требаше да се одржи во Ротердам, е откажан поради пандемијата корона вирус.

Поради пандемијата ковид-19 која го затресе светот, за првпат во историјата овој музички натпревар е откажан.

Ова е дел од изјавата на ЕБУ:

Со големо жалење сме принудени да го објавиме откажувањето на Евросонг 2020 во Ротердам. Во последните неколку недели истражувавме многу алтернативни опции кои би дозволиле да се одржи Евросонгот, меѓутоа, несигурноста создадена со ширењето на ковид-19 низ цела Европа и ограничувањата наметнати од владите на државите учеснички и холандската влада значат дека ЕБУ е принуден да ја донесе оваа тешка одлука дека е невозможно да се продолжи настан во живо како што беше планирано!

Изборот на песна за Евровизија е годишен натпревар одржан помеѓу повеќе активни членки на Европската радиодифузна унија.

Изборот на песна за Евровизија е годишен натпревар одржан помеѓу повеќе активни членки на Европската радиодифузна унија.
Секоја земја учесничка доставува песна која ќе биде изведена во живо на телевизија или радио, а потоа доделува гласови на песните на другите земји за да се одреди најпопуларната песна во конкуренцијата.

Изборот се емитува секоја година од неговото воведување во 1956 година и е еден од најдолготрајните телевизиски програми во светот. Исто така е и еден од најгледаните не-спортски настани во светот, со бројка на гледаност помеѓу 100 и 600 милиони на меѓународно ниво во последните неколку години.

Евровизија исто така се емитува и надвор од Европа на места како Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Колумбија, Египет, Индија, Јапонија, Јордан, Мексико, Нов Зеланд, Филипини, Јужна Кореја, Тајван, Тајланд, САД, Уругвај и Венецуела и покрај фактот што тие не учествуваат.

Од 2000 година изборот се емитува и преку интернет, со што во 2006 година, повеќе од 74.000 луѓе во скоро 140 земји го гледале онлајн.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Тој додаде дека откако решенијата ќе бидат ставени во правна законска рамка ќе бидат информирани и другите претставниците на коалицијата на мнозинството и на опозицијата во Парламентот.

Заев по средбата со лидерите на Алијанса за Албанците и Алтернатива: Имаме усогласен договор за законските решенија за стекнување државјанство

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, заедно со министерот...

Да продолжиме заеднички посветено да придонесуваме за одржлив и безбеден систем, за економски раст и развој и подобрување на животот на нашите граѓаните.

Честитка од министерот Спасовски по повод 29 години Царинска управа

Царинските работници се врската на нашата држава со светот, огледало за деловното...

Исто така се најавува протестите да бидат секој ден од 12 до 15 часот се до наоѓање на взаемно прифатливо решение.

Од денеска па во следните денови протести пред Владата од 12 до 15 часот

Денеска во 12 часот пред Владата, ќе има протест на компаниите од индустријата за организација...

Дополнително, во голема акција, целосно се отстранети несоодветно поставените билборди и реклами од велосипедските патеки во Малиот ринг, со што се стимулира користењето на велосипедот.

ВЕЛО Е КОГА ИМА СÈ – ГРАДОТ СКОПЈЕ СО КАМПАЊА ЗА ПРОМОВИРАЊЕ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

На повеќе локации во Скопје деновиве се поставени билборди кои ги поттикнуваат граѓаните...