Ваквата одлука за престанок на работен однос ја донела директорката на Централен Регистар Марија Бошковска Јанковски до која исто така пристигнуваа навреди и закани.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 јануари, 2020 10:39

Отказно решение за Емил Јакимовски- заканувачот на новинарките Јордановска и Коровешовска

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заканувачот Емил Јакимовски кој упатуваше закани и навреди до новинарките и уреднички Мери Јордановска од А1 ОН и Искра Коровешовска уредник и новинар во Алфа ТВ, доби решение за престанок на работниот однос.

Вчера директорката истакна дека Емил Јакимовски со месеци е на боледување, па не може да се спроведе дисциплинската постапка против него.
Емил Јакимовски е член на ВМРО ДПМНЕ, но партијата се огради од него по последните закани кон новинарката Мери Јордановска.

Ваквата одлука за престанок на работен однос ја донела директорката на Централен Регистар Марија Бошковска Јанковски до која исто така пристигнуваа навреди и закани.

Марија Бошковска Јанковски соопшти дека оваа одлука доаѓа  поради суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор на Централниот регистар.

Директорката вели дека Јакимовски не ја респектирал хиерархијата и не се однесувал согласно Кодексот на однесување на работодавачот и пропишаните правила за ред и дисциплина

-Иако вработениот треба задолжително да го чува, Јакимовски сепак  не го чувал угледот на работодавачот и не се воздржувал од сите постапки кои со оглед на природата на работата што ја врши се штетни или ги повредуваат интересите на работодавачот, професионално не се однесувал спрема другите вработени и странките, не ја респектирал хиерархијата и не се однесувал согласно Кодексот на однесување на работодавачот и пропишаните правила за ред и дисциплина кај работодавачот-напиша на Фесјбук доцна во неделата Бошковска Јанковски.

Вчера директорката информираше дека Фејсбук страната чиј креатор бил токму Емил Јакимовски е хакирана.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Одлуката ќе ја носи апелациониот суд утре. Камчев и претходно понуди слична сума пред кривичниот суд, но му беше одбиена..

ПОНУДАТА НА КАМЧЕВ РАСТЕ: Вртоглава сума понуди денес за да му ги вратат пасошите

Нова вртоглава сума од 3.180.000 евра понудиле денеска адвокатите на бизнисменот Орце...

За жал тажна е сликата во Јагуновце, основното училиште Александар Здравковски.

МИЗЕРНИ УСЛОВИ, РУИНИРАНО УЧИЛИШТЕ КАКО ОД 5.ВЕК – Ова ли е правиот пат и ова ли е Европското образование на власта и Заев?

Училиштата во поголемите градови ширум земјава се во одлична состојба, но во некои...

Преку гласот на осудените жени Николовска пишува дека во најголемиот затвор тие не се запоставени, туку тешко е да ја најдат силата во самите нив и победник е само оној кој е издржлив и трпелив.

НАЈПОЗНАТАТА ИЗМАМНИЧКА – Соња ТАТ се јави од Идризово: И затворот е искуство!

Дел од затворската поезија и припаѓа и на Соња Николовска, позната по аферите со ТАТ...