Миленко Главиниќ еден од најстарите работници во фабриката рече за агенцијата РИНА, дека е во Шпик работел повеќе од 40 години, а пред вработувањето тука бил како ученик.

Објавил: Сара Фемина | 8 април, 2019 17:30

Отказот од фабриката 44 работници го прославиле славејќи со музика и ТРУБАЧИ !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Денеска во фабриката „Шпик– Иверица од Ивањица, 44 работници со решенијата и работната книшка во раце, испратени со музика и трубачи после 40 години работен стаж, ја напуштија фабриката.

Повеќе работници во фабриката работеле три или четири децении од својот живот.

Некои се тука од почетокот на основањето на фабриката, но повеќето од нив добија отказ, иако веруваа дека фабриката и понатаму можеше нормално да работи, но за жал не беше така. 

Миленко Главиниќ еден од најстарите работници во фабриката рече за агенцијата РИНА, дека во Шпик работел повеќе од 40 години, а пред вработувањето тука бил како ученик.

Овде го поминав целиот мој живот. Денеска решивме овде да се поздравиме како луѓе, затоа што секогаш бевме тука за дружење и така ќе продолжиме после затворањето на оваа фабрика, рече Главиниќ, додавајќи дека колегите со кои што работел се многу вредни, добри и многу лесно ќе најдат нова работа.

Јас мислам дека тој што сака да работи секаде ќе најде работа. Повеќето од отпуштените работници веќе имаат нова работа, изјави Главиниќ.

Тој додаде дека и после се што им се случи на вработените, тие не се нервозни и лути на сопственикот и дека ќе останат коректни со него.

Тоа е негова одлука. Ни ги исплати заостанатите плати по нормален закон и испадна фер спрема сите нас. Затоа и одиме со музика, рече Галвиниќ.

Општина Ивањица се наоѓа во Југозападна Србија. По површина е една од најголемите општини во Србија со површина од 1.090 км, а интересно е дека повеќе од половината од општината се наоѓа под шума.

Општината има 18 месни заедници, а најголема по површина е Остатија (112 km2), а додека по број на жители е најголема Ивањица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Таа и нејзиниот син, принцот Чарлс, заработуваат најмногу од својот имот и парите што ги добиваат од Парламентот.

ГОЛЕМО БОГАТСТВО: Еве од што всушност живее британското кралско семејство и од каде потекнуваат нивните милиони

Британското кралско семејство има повеќе извори на приход, а кралицата е „тешка“...