Нови мерки на заштита за Водно и Матка

Објавил: Узунов Бобан | 7 март, 2019 13:07

Откако ги искасапија Водно и Матка, сега ќе носат закони за нивна заштита

Фото/Текст извор: ©магазин

За Матка е во понапредна фаза, завршено е зумирањето, подготвени се сите документи и се надевам брзо ќе влезе во владина процедура, изјави денеска заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули пред почетокот на работилницата „Подготовка на Национален интегриран план за енергија и клима (NECP)“ за периодот 2020 – 2030 година.

Макрадули, одговарајќи на новинарско прашање за дивоградбата на Матка, рече дека дивоградбите ги оценува како негативни што влијаат на природата, како недозволиви и нешто што мора да се регулира и како Министерство за животна средина укажуваат за заштитата на природата како најзначајна компонента во зачувувањето на околината на Скопје. 

Ѓраганската иницијатива “Го сакам Водно” со мото “Не низ Водно” организираше протести против изградбата на гасоводот. Тие ја обвинија власта дека ги уништува белите дробови на Скопје и дека сечата се прави неплански и без никаква стручна контрола

Во тој контекст посочи дека согласно законот што е во изработка ќе биде строго регулирано што може да се гради на Матка и на Водно.

– Законот за Матка е во понапредна фаза, завршено е зумирањето, подготвени се сите документи, и се надевам брзо ќе влезе во владина процедура. Истото тоа очекувам до крајот на годината да го направиме и за Водно, за конечно да се стават на законска основа, што се може да се прави, што не во овие природни убавини, рече Макрадули.


Јавноста бурно реагираше и на неспособноста на власта да ги сруши дивоградбите во Матка кои го нарушуваат биодиверзитетот. Градоначалникот на Сарај Блерим Беџети му порача на скопскиот градоначачник Петре Шилегов да не се меша во надлежностите на Сарај.


Истакна дека со законските одредби ќе се дефинираат зоните, која зона ќе биде за строга заштита, која е за активно управување, и која е за одржлив развој.

– Во секоја од различните зони ќе можете нешто да правите. Зонирањето е завршено и се навдевам законот брзо ќе дојде во владина процедура. Истото ќе важи и за Водно. Ќе постојат заштитени зони во кои нема да може ношто да се прави, додека во други ќе може да се интервенира за рекреација и за објекти, додаде Макрадули.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Широка е лепезата на ветувањата. Се ветува многу, реформи, подобар стандард, посилна економија, враќање на средната класа, повторно е актуелно добивањето датум за преговори, ветувања За подобра Македонија, подобра иднина на младите, поголеми плати и пензии, но ШТО НАВИСТИНА ЌЕ ДОБИЈАТ ГРАЃАНИТЕ ОД ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ИЗБОРИ? е клучното прашање во моментот.

АНАЛИЗА: Што ќе донесат предвремените избори за граѓаните?

По “Не” добивање на датумот за преговори, следеше одлуката за предвремените парламентарни...

На дебаклот на Заевата влада со датумот, му претходеа и неколку признанија, кои го објаснија она што мнозинството граѓани и онака го знаеше. Едно од нив беше и од претседателот Пендаровски, кој буквално призна дека го смениле името за датум од ЕУ, а по него и Заев кој почуствува силна горчина и посака да му кажеле пред да го смени името на државата.

Најави ли Хан дека Македонија ќе преговара 30 години?

Најави ли еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, дека Македонија ќе преговара...

Ангеловска која во министерското столче дојде од приватниот сектор, во „Еуростандард“ има 200.000 евра денарски депозит од 2014 и 51,2 илјади евра девизен депозит во истата банка од 2017.

300.000 евра во банки и две канцеларии – ова е имотот кој Нина Групер го пријавила во анкетен лист!

Државната комисија за спречување на корупција го објави Анкетниот лист на Нина Ангеловска,...

На 21 август 2019 година Катица Јанева била приведена и однесена во Кривичниот суд.

ЈАНЕВА: „Се заколнав на чесност како јавен обвинител, јас ќе ги почитувам законите во Република Македонија„

54-годишната екс обвинителка Катица Јанева, пред 4 години донесе преголема надеж во...