Светската здравствена организација предупреди дека пушењето е поврзано со поголем ризик од тешка коронавирусна болест и смрт кај болнички пациенти, иако не може да прецизира колку точно тие ризици можат да бидат повисоки.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 јули, 2020 19:04

ОТКРИЕНА ВРСКА МЕЃУ КОРОНАВИРУСОТ И ЦИГАРИТЕ: Пушачите ова мора да го знаат!

Фото/Текст извор: ©(Espreso.rs/Agencije)

СЗО посочи дека пушачите сочинуваат 18% од хоспитализираните пациенти со коронавирус.

Светската здравствена организација предупреди дека пушењето е поврзано со поголем ризик од тешка коронавирусна болест и смрт кај болнички пациенти, иако не може да прецизира колку точно тие ризици можат да бидат повисоки.

Во научен поднесок, објавен оваа недела, здравствената агенција на ООН разгледа 34 објавени студии за поврзаноста помеѓу пушењето и ковид 19, вклучувајќи ја веројатноста за инфекција, хоспитализација, сериозност на болести и смрт, пренесува АП.

СЗО посочи дека пушачите сочинуваат до 18 проценти од хоспитализираните пациенти со коронавирус и дека се чини дека постои значителна корелација помеѓу тоа дали пациентите пушеле или не и сериозноста на болеста што ја имале, видот на интервенцијата во болница што им била потребна и ризикот од пациентот да умре.

– Достапните докази сугерираат дека пушењето е поврзано со поголема сериозност на болеста која доведува дури и до смрт кај хоспитализирани пациенти кои страдаат од ковид 19 – наведува СЗО и им препорачува на луѓето да престанат да пушат, пренесува Танјуг.

Во април, француските истражувачи објавија студија во која се вели дека пушачите се изложени на помал ризик од заболување од Ковид 19,  и планираат да тестираат никотинска лепенка на пациенти и здравствени работници, но нивните откритија беа доведени во прашање од многу научници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Директорот на СЗО, Тедрос и директорот на СЗО за итни програми Мајк Рајан ги повикаа сите нации строго да ги спроведат здравствените мерки како што се носење маски, физичко растојание, миење на рацете и тестирање.

СЗО: И покрај сите напори, во моментов нема спасоносна вакцина против коронавирусот!

И покрај сите обиди кои ги прават научниците за да создадат ефективна вакцина против...

На четврто место е Русија со 850.870 заболени, на петто место Јужноафриканската Република – 503.290 случаи, потоа Мексико – 424.637 и Перу со 407.492 инфицирани лица.

СЗО: За еден ден рекордни 262.929 новозаболени од Ковид-19 во светот

Светска здравствена организација (СЗО) синоќа соопшти дека во изминатите 24 часа потврдени...

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, веројатно е дека ќе се обнови и продолжи друга министерска одлука што се однесува на забрана за влез во Грција на државјани од трети земји, а ќе важи во следните две седмици.

НИШТО ОД ПАТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА: Границите затворени до 15 август

Одлуката на Грција за привремено ограничување на сите авионски, железнички и копнени...

Лекарот и професор за инфективни болести Бјорн Олсен рече дека Шведска би можела да избегне многу негативни последици доколку беа превземени посилни рестрикции многу порано, вклучително и карантин за патниците кои се враќаат во земјата, претходна блокада и препорака да се носат маски.

КАКОВ ШВЕДСКИ МОДЕЛ, СЕТО ТОА Е ИЗМИСЛЕНО ОД СЕКТА: Познат доктор открива зошто во оваа земја има најголем број на смртни случаи од Ковид-19 !

Еден од најгласните критичари на Шведска за националната стратегија за борба против...