Погребот на Маршалот не поминал без Службата за државна безбедност. Како што е веќе познатово јавноста, погребот наТито бил третиран како светски настан и на него присуствувале 100 важни гости.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 јануари, 2020 17:26

ОТКРИЕНА ГОЛЕМА ТАЈНА НА СФРЈ: Во сандакот на Тито не било изложено неговото тело

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред извесно време излезе навиделина долго чувана тајна од Југославија. Имено станува збор за погребот на доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, кој почина на 4 мај 1980 година. Она што јавноста него знае е дека кога Јосип Броз Тито починал, дел од членовите на претседателството на СФРЈ, меѓу кои Стеван Дроњски и Стан Доланц, сакале да го балсамираат и стават во маузолеј.

Погребот на Маршалот не поминал без Службата за државна безбедност. Како што е веќе познатово јавноста, погребот наТито бил третиран како светски настан и на него присуствувале 100 важни гости.

Со Уставот на СФРЈ од 1974, Тито бил прогласен за доживотен претседател на земјата, што исто така значајно ги блокирало демократските процеси во државата.

Неколку пати во јавноста излезе тврдење дека всушност Тито не бил погребан на осми мај, туку порано а дента кога погребот го следеле многу светски медиуми, доктор Обрен Ѓорѓевиќ, кој четири децении поминал како професионалец во органите за безбедност, тврди дека во сандакот не било телото на Тито туку бил полн со песок.

Доктор Обрен истакна дека погребот бил така изведен поради тоа што тогашниот шеф Митја Крајгер се плашел од можна диверзија.

Јосип Броз – Тито бил југословенски комунист и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Тито бил генерален секретар, а подоцна и претседател на Комунистичката партија на Југославија од 1939 до 1980 и ја предводел Југославија во Втората светска војна. На чело на партизанското ослободително движење бил од 1941 до 1945 година. По војната бил премиер на Југославија, а подоцна и претседател на државата. Од 1943 до неговата смрт тој бил одликуван за единствен Маршал на Југославија и врховен командант на југословенската народна армија.

Покрај државничките обврски и лидерски должности во КПЈ и СФРЈ, Тито бил еден од основачите на Движењето на неврзаните и негов прв генерален секретар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Според најновите податоци, над 70.000 Срби престојуваат во соседната крајбрежна држава, а по жалбата на Кризниот штаб поради тешката епидемиолошка состојба, повеќето од нив се решиле да се вратат.

Србите ја блокираа границата со Црна Гора: Српските туристи масовно се враќаат дома

Од утрово има огромна гужва на граничниот премин Јабука со Црна Гора, а десетици возила...

Тој исто така изјави дека само со целосно учество, одговорност и соработка, „можеме да ја зајакнеме довербата и напредокот кон целта највисоките вредности на демократијата да бидат реалност на секој поединец“.

СЕ ОГЛАСИ ЃУКАНОВИЌ: Изборите покажаа дека Црна Гора го разбира процесот на демократија!

Неодамнешните парламентарни и локални избори го потврдија напредокот во демократскиот...

Имено доктор Глиќиќ е една од оние кои не веруваат во нештото додека не е научно докажано, па така таа избегнуваше било какви прашања поврзани за теми кои научно не се докажани.

Д-р Глигиќ: Никој кој чува мачка не се заразил од коронавирус!

Истакнатата српска докторка, виролог Ана Глигиќ во едно гостување посочи дека не е...