
Свет
Србија
Курир.рс ја открива најголемата мистерија во Србија- Убиецот на Јелена Марјановиќ, но и позадината на монструозното убиство.
Драгоје Милинковиќ од Прибој ја убил пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, по наредба на нејзината свекрва Зорица Марјановиќ.
Ова го пишува во анонимното писмо кое пристигна во Вишиот суд во Белград, пред почетокот на денешното судење на Зоран Марјановиќ, на кое му се суди дека на 2 април 2016 година на насипот Црвенка во Борча ја уби сопругата Јелена Марјановиќ.

Како што дознава курир.рс непознатото писмо пристигна во судот од Швајцарија, а во него е напишано дека Јелена со повеќе удари во главата е убил човек кој бил клиент на мајката од Зоран.
Во утрешното издание курир.рс ќе го објави целиот текст од писмото.
Обвинетиот Зоран Марјановиќ денеска пристигна во Палатата на правдата, каде започна судењето пред Вишиот суд во Белград под обвинение за брутално убиство на неговата сопруга Јелена на 2 април 2016 година во Борча.
Адвокатот Александар Зариќ пристигна прво пред Палатата, а наскоро Зоран Марјановиќ со уште двајца адвокати, Стефан Јокиќ и Никола Думниќ. Марјановиќ дојде во црн костум и црна кошула со очила, а пред судот беше пречекан од бројни медиумски екипи.
Марјановиќ денес за прв пат ја презентираше својата одбрана детално, додека тој кратко се изјасни за невин на претходното рочиште во септември. Од почетокот на овој случај, тој негира дека ја убил својата сопруга, која се занимавала со пеење народна музика.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.