Заспал возачот на автомобилот

Објавил: Македонка Димкин | 10 септември, 2023 17:19

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА БЛИЗУ БОГОРОДИЦА? Возачот на автомобилот заспал, а тргнал на риболов со другарите

Фото/Текст извор: ©ЕПТ

Според Александар Сеничиќ, по судирот возачот на автобусот успеал да избегне столб покрај коловозот и се превртел.

Српските медиуми пишуваат дека причина за автобуската несреќа кај Поликастро близу граничниот премин Богородица било тоа што возачот на возилото со грчки таблички во кое удрил автобусот имал заспано зад воланот. Тројца Грци и еден Русин, на возраст меѓу 66 и 73 години, биле во автомобилот, а имале тргнато на риболов. Четворицата загинаа, а нивните тела биле извлечени, потврди Јанис Артопојос, портпаролот на противжарната бригада.

Зад автомобилот возела кола со српски таблици, Србинка со дете од Бољевац, кои останале неповредени.

Според Александар Сеничиќ, директорот на националната асоцијација на туристички агенции ЈУТА во Србија, по судирот возачот на автобусот успеал да избегне столб покрај коловозот и се превртел.

Една од карактеристиките на патот „Пајонија Одос“ кај Богородица е дека тој има само две ленти и не може да се претекнува. Многу често побавните возила возат кон просторот за застанување давајќи им малку место на побрзите коли кои претекнуваат преку полната линија. Ова го прави овој дел од патот многу небезбеден и тесен за патување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Нема мртви и повредени на сплавот „Картел“, кој почна да тоне нешто по полноќ кога на него се наоѓаа стотина млади луѓе, изјави началникот на Секторот за вонредни состојби во Србија, Лука Чаушиќ.

Потона сплав во Белград на него немало Македонци!

Потона сплавот „Картел“ на кејот Сава во Белград, додека на него се забавувале стотина...

Доктор Бранимир Несторовиќ, кој беше носител на листата „Д-р Бранимир Несторовиќ – Ние, гласот на народот“, очигледно ќе биде тој што ќе одлучи кој ќе коалицира во Белград.

Бранимир Несторовиќ, најголемото изненадување на изборите во Србија

Доктор Бранимир Несторовиќ, кој беше носител на листата „Д-р Бранимир Несторовиќ –...