Свет
Анализа
Зоран Џинџиќ е убиен на 12 март 2003 година. Како извршители веднаш беа осомниени припадниците на Земунскиот криминален клан, а воведена е вонредна состојба, која траеше до 22 април.
Зоран Џинџиќ беше убиен на 12 март 2003 година. Како извршители на убиството веднаш беа осомничени припадниците на Земунскиот криминален клан, а воведена беше и вонредна состојба, која траеше до 22 април.
Во полициската акција „Сабја“, беа уапсени 11.665 лица, меѓу кои беа и партиски функционери, високи воени офицери, носители на правосудни функции и естрадни ѕвезди.

Како што пишува еспресо.рс англиски шпион од службата М16 управувал со акцијата за убиството на српскиот премиер Зоран Џинџиќ. Тој пред и после атентатот бил биден во канцеларијата на еден висок српски офицер на МУП-Србија.
– Тој легално престојуваше во нашата земја и беше задолжен за доведување на снајперист од Лондон кој го уби Џинџиќ. Пред и по убиството на Џинџиќ тој е виден кај наш висок полициски функционер, а бил задолжен да го прикрие целиот случај и истрагата да ја насочи во сосема погрешна насока. Според моите информации, тој сега се наоѓа во Украина – открил изворот за Ало.рс.

Како главен организатор на убиството на премиерот беа командантот на распуштената Единица за специјални операции Милорад Улемек Легија и припадниците на земунскиот клан кои беа убиени во полициска акција, Душан Спасојевиќ Шиптар и Миле Луковиќ Кум.
Во акцијата „Сабја“ уапсен е непосредниот извршител на убиството, Ѕвездан Јовановиќ.
Во август 2003 година покренато е обвинение против 44 лица за учество во организирањето на убиството, судењето траеше од декември 2003 година, а во мај 2007 година се прогласени за виновни и осудени на повеќегодишни затворски казни.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Анализа
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.