Се работи за мутација на ќелиите, каде матичните ќелии на коскената срж ствараат преголем број на леукоцити, односно бели крвни зрнца.

Објавил: Сара Фемина | 19 јули, 2019 1:05

ОТКРИЕНО: После детални анализи утврден типот на леукемија од која боледува СИНИША МИХАЈЛОВИЌ!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

После четири дена во болница и детални анализи, утврден е типот на леукемија од која боледува фудбалската звезда, Синиша Михајловиќ.

Се работи за типот на леукемија CML. Овој тип на леукемија се јавува кај лица во подоцниот период од својот живот, поточно после 50 та година од својот живот.

Се работи за мутација на ќелиите, каде матичните ќелии на коскената срж ствараат преголем број на леукоцити, односно бели крвни зрнца.

Секако оваа вест е охрабрувачка, но сепак зависи од организмот на прославениот фудбалер и тренер, Синиша Михајловиќ. Деновиве ќе почне агресивна терапија од која првите резултати се очекуваат за околу еден месец.

Минатата недела Михајловиќ одржа прес конференција за новинарите и изјави дека боледува од леукемија.

По завршувањето на играчката кариера работел како помошен тренер во Интер до 2008 година. После Интер, работел како главен тренер и ги водел Болоња, Катанија, Фјорентина, српската репрезентација, Сампдорија, Милан, Торино и Спортинг Лисабон.

Синиша Михајловиќ e српски фудбалски тренер и поранешен играч од одбраната. Во моментов ја води екипата на Болоња.
Кариерата ја започнал како лево крило, меѓутоа со преоѓањето во Италија бил прекомандуван во одбраната, каде што играл до крајот на својата играчка кариера.

За репрезентациите на СФР Југославија, СР Југославија и Србија и Црна Гора, Михајловиќ одиграл вкупно 63 натпревари и постигнал 10 гола а учествувал и на Светското првенство 1998 и Европското првенство 2000.
Познат е како еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во светот.

Тој и Џузепе Сињори се единствените двајца играчи во Серија А, кои постигнале по три гола на еден натпревар од слободни удари, а исто така го држи рекордот по бројот на постигнати голови од слободен удар во Серија А заедно со Андреа Пирло.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Камчева во судницата истакна дека се плашеле од моќта на поранешната шефица на СЈО Катица Јанева. Таа открива дека најпрво за случајот Рекет го информирала поранешниот директор на УБК, Горан Николовски и со него остварила две средби. На негово прашање зошто нема доверба во институциите таа му одговорила дека пред неа Јовановски разговарал на телефон со многу луѓе од власта, политичари, министерот за внатрешни работи, судии и обвинители.

Камчева пред судиите: Боки разговараше со Оливер Спасовски, oбвинитeли, политичари и со луѓе од власта

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева која денеска во својство на сведок...

„Ве толерирам, преќутувам, за да не дојде до сцена, ама вие двајца си правите муабет, наместо испитување“, им вели судијката Васка Николовска Масевска.

КОНФЛИКТ ВО СУДНИЦАТА: Боки до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене

Атмосферата за време на судењето за случајот „Рекет“ е се по тензична. Бојан Јовановски...