Василевски во своето сведочење изнесе ставови со кои е појасно зошто дел од поранешното раководство на ВМРО - ДПМНЕ на чело со Мијалков поддржале уставни измени

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 декември, 2018 12:17

(От)купено или не, сведочењето на Нинџа го враќа процесот на почеток

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Обвинетиот Александар Василевски Нинџа на денешното последно рочиште за давање одбрана, со искази кои сериозно можат да ја вратат постапката за немилите настани во Собранието од почеток.

Нинџа својата одбрана ја започна со изјавата дека во текот на 2015 година околу јануари, февруари во екот на политичката криза во Македонија, кога Заев почна да ги објавува бомбите, бев ангажиран од Горан Грујевски да му бидам очи и уши на Никола Бошкоски односно да собирам информации од таргети што ќе ги даде лично тој и да го известам лично него.

Тие информации беа од поголем карактер односно од значење за зачувување на уставниот поредок и уфрлување на обични граѓани во службата. – рече обвинетиот Александар Василевски Нинџа на денешното рочиште за крвавиот четврток.

За да ме вработат во УБК ми кажаа дека мора да завршам 4 година средно училиште, имав 3 години. За потребите на службата ми беше издадена значка со број 637, ми дадоа огнено оружје ‘магнум 38 специјал агент’ и радио станица со 16 активни канали, се слушаа сите 8 СВР на Македонија. – рече Нинџа.

Како една од првите задачи ми беше дадена насока да се приближам до еден мој близок роднина Влатко Пановски бидејќи службата имала информации дека соработува со српските разузнавачки служби. Јас тоа го сторив, службата беше информирана за неговите активности. – рече обвинетиот.

Откако почнаа обвиненијата од СЈО, додаде Нинџа, Никола Бошкоски ми рече да се дружам повеќе со него, беше во депресивна состојба. Според зборовите на Нинџа, Бошкоски и тој тогаш интензивно почнале да соработуваат и со Владимир Атанасовски, поранешниот директор на УБК.

Според сведочењето од ВМРО – ДПМНЕ му дале насока и за евентуален упад во ДИК.

Кога ВМРО издвои тесна победа на изборите, бевме во хотел ‘Русија’. Таму присуствуваа високи функционери на партијата, Владимир Атанасовски, Никола Бошкоски, Кире Божиновски, Ивица Коневски, Спиро Ристовски. Таму наздравивме за победата на изборите, но потоа имаше приговори од СДСМ. – рече Нинџа.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ ги организирале протестите пред ДИК, а негова задача била да надгледува, а со него доаѓал и Никола Бошкоски кој е обвинет во случајот „Таргет-Тврдина“ на СЈО и кој е во бегство во Грција.

Додека траеја седниците во ДИК, од страна на ВМРО – ДПМНЕ имаше насока ако приговорите бидат во корист на опозицијата СДСМ, да се повика на насилен протест, имаше насока и да се влезе во зградата, да се врши насилство и да се прекине одлучувањето.– рече Нинџа.

На протестите беа поставени фиктивни водачи.  Борис Дамовски, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Богдан Илиевски. Почнаа протестите, моја задача беше да ги следам и да ја известувам службата, рече обвинетиот Александар Василевски Нинџа на денешното рочиште.

Со мене беа Никола Бошковски и Дејан Димковски Боксер. Додека траеја протестите бев известен дека се организираат патриотски здруженија по што Владимир Атанасовски иницираше средби на кои се сретнав со Игор Југ и Јане Ченто. Со Игор Југ се видовме во Куманово. – истакна Нинџа.

Целта на средбата, како што објасни, била да види дали неговото мислење е проруско или прозападно.

На средбата се сликавме за истата да биде документирана. Протестите имаа потполна логистика од ВМРО ДПМНЕ, шалови, маици. – нагласи Нинџа.

Попладнето на 27 април 2017 година обвинетиот Александар Василевски Нинџа контактирал со двајцата поранешни шефови на УБК, Сашо Мијалков и Владимир Атанасовски, а попладнето заминал во штабот на ВМРО – ДПМНЕ од каде што, како што тврди, се давале насоки и биле координирани активностите за упадот во Собранието.

Ситуацијата околу 15 април почна да зоврива, се скандираше против тиранска платформа, против двојазичност. Говорите константно беа потпалувачки. Дојде 27 април, некаде околу 12 и 30 часот ми се јави Владимир Атанасовски и ме извести да бидам во Скопје бидејќи на репродукција имало оперативни сознанија дека тогашната опозиција спрема нешто. Ми даде насока дека ќе ми се јави Никола Бошкоски Прскач.

Од сабајле бев со лицето Дејан Давидовски во Катланово, потоа во Ѓорче Петров. На враќање ми се јави Веле Петрушевски да се видиме, му кажав да дојде во ‘Дион’. Таму беа Михаил Младеновски, Стефан Младеновски, Никола Митревски Кољо. Атанасовски околу 16 часот повторно ми се јави и ми кажа дека тој ден СДСМ ќе сакаат да изберат претседател на Собрание.

За следење на состојбата го известил и Јане Ченто и ни рече дека треба да бидеме на стенд бај. Во 17 и 40 ми се јави организациониот секретар на ВМРО Спире Ристевски и ме повика да отидам во штаб. Во тој момент имав контакт и со Сашо Мијалков кој ми рече да отидам во база. – рече Нинџа.

Околу 18 часот и 10, продолжи обвинетиот, влегов во штабот на ВМРО преку гаражата, се качив на осмиот кат, но Сашо Мијалков не беше таму.

Таму беше командно оперативниот штаб на ВМРО – ДПМНЕ, тука беа Биљана Бришковска, Миле Јанакиески, Митко Чавков, Спире Ристевски. Имаше пуштено телевизија ‘Нова’, на вести се пратеше протестот и сите разговараа на телефон. Како се движеше толпата така се издаваа наредби. Бришковска комуницираше со Трајко Вељаноски кој и даваше насоки за состојбата внатре. Јанакиески и Спире Ристовски комуницираа со Бетмен. Божиновски ги викаше сите општински комитети од цела Македонија најитно да дојдат во Скопје. Чавков лично го слушнав имаше комуникација со Митко Пешов. За кратко време дојде и директорот на УБК Владимир Атанасовски. Од таму се координираше сето тоа што се случи на 27 април. Како доаѓаше масата така наредбите беа подиректни. -тврди Нинџа.

Како што рече, Бришковска рекла дека во првото сценарио пратениците не ја завршиле својата работа, немало инцидент, не се степале. Потоа му се јавила на Вељаноски да се отворат вратите од Собранието.

Директорот Владимир Атанасовски тогаш ме извести да излезам на терен. Кога стигнав луѓето беа влезени во Собранието. Застанавме кај Градска болница и ја надгледувавме ситуацијата. Со мене беше Веле Петрушевски. Во тоа време мобилниот ми се исклучи. Од кај Веле му свртевме на Кољо кој ни кажа дека внатре е хаос и дека луѓето почнале да тепаат пратеници. – рече Нинџа.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Претседателот Иванов јасно го повтори својот став, НАТО и ЕУ интеграциите никогаш не биле доведени во прашање, штетниот Преспански договор е она што е камен кочничар

Иванов му одржа “лекција” и на заменик државиот секретар на САД

Претседателот Ѓорге Иванов, синоќа го прими Џон Саливан, заменик државен секретар...

Пропадна најавата дека државата конечно ќе добие квалитетно тело за борба против корупцијата, ни по 9 месеци СДСМ и ДУИ не се подготвени за транспаремтно работење

Обидот за формирање антикорупциска ги скара ДУИ и СДСМ

Кога државата не може цела година да формира состав на Комисијата за борба со корупцијата...

Зијадин Села, Сурија Рашиди и Горан Милевски се единствените пратеници кои не го поддржаа Законот за амнестија како резултат на комисијата за национално помирување

Три пратеници против законот за амнестија

Експресното гласање на Законот за амнестија во Законодавниот дом покажа дека полека...

Во акцијата на МВР останува отворено прашањето како во рок од два месеци во Македонија без санкции била внесена марихуаната од Албанија, а била наменета за Турција

Половина тон марихуана шверцувани во камионска приколка

Во координирана полициска акција на Граничниот премиер Богородица, запленети над...