Клиниката за Токсикологија станува се’ по токсична. ”Фрчат” разрешувања,обвинувања, клевети и тужби помеѓу министерот за здравство и медицинскиот персонал на клиниката.
Доктор Нико Беќаровски ќе го тужи министерот за здравство Илир Демири доколку за 24 часа не добие јавно извинување.Смета дека обвинувањата од страна на Министерството за здравство дека наводно ги навредувал вработените по национална основа се неосновани и лажни. Беќаровски ги демантира наводите за поткревање на меѓуетнички тензии и се закани со кривични пријави за сите кои што ставиле потпис на документот каде тој е обвинет.
“Почитуван министер Демири, се надевам дека објавата е без Ваше знаење и одобрение, бидејќи со истата ми нанесовте несогледлива штета на мојот углед, базирана на лажни изјави, на незаконски архивиран документ, на кој не стои ниту едно име, за која ќе следува соодветна судска тужба кон инволвираните.Најколегијално, Ве замолувам во следните 24 часа јавно да се оградите од оваа објава на сајтот и да ми се извините за нанесената повреда на мојата чест и углед” му напиша Беќаровски на министерот Демири на Фејсбук.
И вработените на Токсикологија кои работниот век го поминале со Беќаровски се кренаа на нозе.Тие застанаа во одбрана на докторот.
“Д-р Беќаровски е врвен професиналец кој повеќе од 10 години работи ургентна медицина и спасува човечки животи без разлика на етничката припадност или припадност на политичка партии, па поврзувањето неговото име со вакви невистини за политички цели е скандалозно и некоректно и поттикнува нетрпение по национална основа“, стои во потпишаната изјава од вработените на Клиниката.
Ситуацијата на Tоксикологија ја подгреа разрешувањето на медицинскиот директор Данил Петровски од страна на министерот Демири.На клиниката изминативе месеци беа констатирани низа неправилности, за кој одговорност требаше да сноси организациската директорка Бесија Илјази.
Поради нејзиниот потпис клиниката не е осигурана, а неодамна имаше поплава. Забелешки за нејзината работа имаа и инспекциите бидејќи дозволувала 18 лица со месеци да се шетаат низ клиниката и да работат со пациенти без никаков договор. Во меѓувреме беше доведена во прашање валидноста на резултатите во токсиколошката лабораторија зошто биологот нема решение, а имало и обид за замаена на урина со наркотици со чист примерок од страна на еден од договорците кои Бесија Илјази сака да ги вработи.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.