Македонија
Вести
Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оценување уставноста на одлуката на Собранието за уставни измени донесена на 19 октомври.
Како образложение на одлуката Судот оцени дека оваа одлука не е пропис и затоа одлучил да не навлегува во оценување на уставноста на оваа одлука.
Судиите Јован Јосифовски и Елена Гошева сметаат дека отворањето на Уставот е важно прашање кое заслужува внимание и дека судот треба да ги земе во предвид двете иницијативи.
Според Гошева, судот расправал и за далеку понебитни прашања, како тоа дали некои работници се отпуштени од работа по промена на власт и дека ова заслужувало внимание.
Јосифовски изрази став дека е спорен и делот каде за отворање на уставни измени се гласаше со 80 пратеници, повикувајќи се на одлуки на претседателите на Собранието, Стојан Андов и Тито Петровски, кога за двотретинско мнозинство барале 81 пратеник.
Од Светскиот македонски конгрес велат дека со одлуката за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија евидентно е флагрантното кршење на Уставот и законите на државата Македонија и на меѓународното право.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.