Река е предложен од лидерите на партиите на новата Влада на Косово, која е во процес на формирање.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 ноември, 2019 1:08

ОФИЦИЈАЛНО: Блерим Река кандидат за министер за надворешни работи на Косово!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот кандидат за претседател на Република Македонија, Блерим Река е меѓу тројцата кандидати за позицијата министер за надворешни работи на Косово.

Како што известува новинската агенција ИНА, за функцијата шеф на косовската дипломатија Река е предложен од лидерите на партиите на новата Влада на Косово, која е во процес на формирање.

Според пишувањата професорот е доста близок со идниот косовски премиер Албин Курти.

Блерим Река е универзитетски професор по меѓународно право и кандидат за претседател на Македонија на претседателските избори од 2019. Река дипломирал на Правниот факултет при универзитетот во Приштина, а докторирал на универзитетот во Грац. Во периодот 2006–2010 бил македонски амбасадор во Европската Унија. Река бил декан на факултетот за јавна администрација при универзитетот на Југоисточна Европа, како и проректор на истиот универзитет. 

Професорот Блерим Река, беше поддржан од Алијанса на Албанците и движењето Беса, долг период е редовен професор на Универзитетот на Југоисточна Европа на Универзитетот во Приштина.

Тој беше дел од тимот на експерти кој го напиша нацртот на Уставот на Косово под надзор на Обединетите нации, а до 2001 и основач и претседавач на Уставниот форум на Косово. Во нашиот северен сосед, Река основал невладини организации, публикации и енциклоподии за право, а бил дел и од бордот на директори на Косовската радиотелевизија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Косово

Минатогодишниот буџет, рече Харадинај, може да се искористи до март, и ако новиот не биде усвоен, нема да има други правни инструменти за функционирање на привремени приштински институции од април.

Харадинај предупредува: Косово ќе пропадне на 1 април- Ако не се формира влада следи БАНКРОТ, пари има само до март

Ако не кој не успее да го донесе буџетот за 2020 година, Косово ќе банкротира, предупреди...

За потпретседатели беа избрани Славко Симиќ, како и Арбери Нагавци, Кујтим Чаjaа и Мемjiи Красниќи.

ИЗБРАН ПРЕТСЕДАТЕЛ И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО ВО ПРИШТИНА: Меѓу нив и член на српската листа

Претставникот на Движењето за самоопределување, Глаук Коњуфац, е новиот спикер на...

Поранешниот началник на ЦИА, исто така, рече дека белградските власти ќе треба официјално да се откажат од договорот од Брисел доколку тие биле вистински заинтересирани за компромис со Приштина.

ЦИА ЈА ОТКРИ МАПАТА ЗА ПОДЕЛБА НА КОСОВО: Србија ставена пред свршен чин- УЗМИ ИЛИ ОСТАВИ

Одамна е познато дека Вашингтон и нејзината позиција се клучни за решавање на косовското...

По завршувањето на бомбардирањето на НАТО во јуни 1999 година, се создаде голема тензија меѓу американските и руските воени сили на Косово, што може да предизвика Трета светска војна!

ГЕНЕРАЛОТ НА НАТО МАЈКЛ ЏЕКСОН ОТКРИ: Весли Кларк поради Косово за малку ќе предизвикаше трета светска војна

Американскиот генерал Весли Кларк командуваше со исклучување на руските трупи и јас...