
Македонија
Вести
Откако Кривичниот суд даде согласност за да се распише меѓународна потерница, вчера попладне на веб страницата на Министерството за внатрешни работи, националната потерница е сменета со меѓународна потерница и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков се бара и надвор од границите на земјава.
Мијалков е еден од 12-те обвинети во случајот „Тврдина-Таргет“. По минатонеделните рочишта на кои беа презентирани завршните зборови на одбраната и на обвинителството, за петок е закажано изрекување на пресудата.
За него, обвинителката Ленче Ристоска на рочишето на 16 февруари побара максимална казна.
Мијалков во случајот е обвинет за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и за примање награда за противзаконито влијание, од кои последното му застарува на крајот на февруари.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.