Преговорите со легендата на словенечкиот ракомет Урош Зорман беа во завршна фаза, но двете страни не се договориле околу помошниците на тренерот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 јуни, 2019 11:47

ОФИЦИЈАЛНО: ОВА Е НОВИОТ ТРЕНЕР НА ВАРДАР!

Фото/Текст извор: ©24 ракомет

Македонскиот и актуелен европски првак Вардар ја продолжува традицијата со ангажирање на шпански експерти на клупата на шампионскиот тим.

Откако Урош Зорман не се договори со управата на „црвено-црните“ нов предводник ќе биде искусниот стратег на Ваљадолид, Давид Писонеро. Тој потпишал едногодишен договор со клубот и сега е во потрага по нови играчи.

Преговорите со легендата на словенечкиот ракомет Урош Зорман беа во завршна фаза, но двете страни не се договориле околу помошниците на тренерот.

Откако Урош Зорман не се договори со управата на „црвено-црните“ нов предводник ќе биде искусниот стратег на Ваљадолид, Давид Писонеро.

Додека се одржуваше Ф4 турнирот во Келн од Словенија стигна потврда дека Зорман го презема Вардар. Словенецот барал да донесе свои луѓе во стручниот штаб, додека управата на „црвено-црните“ инсистирала помошник да биде шпански тренер. На крајот наместо Зорман во Скопје ќе се дојде уште еден искусен тренер од познатата школа на Ваљадолид, Давид Писонеро.

Деновиве дел од управата на македонскиот клуб била забележана во друштво на новиот тренер на Вардар во еден познат скопски локал. Тој бил пристигнат на преговори. Овој 46-годишен шпански стратег ќе дојде на клупата на Вардар по Роберто Парондо Гарсија и Раул Гонзалез тренери кои ги однесоа „црвено-црните“ до врвот на Лигата на шампионите.

Писонеро и Гонзалез ги поврзува и играчката кариера, во тимот на Ваљадолид каде биле одличен тандем, а соработката меѓу пикерот и централниот бек му донела многу важни титули на шпанскиот тим. Писонеро беше предводник на клупата на Ваљадолид изминативе 18 месеци.
Иако шестмина ракометари на Вардар заминаа, а имаше и најава за „црно сценарио“ клубот излезе од криза и сега се подготвува за новата сезона каде ќе брани четири трофеи, а ќе се обиде и првпат да стане „светски клупски првак“ бидејќи ќе настапува на Супер Глоуб на крајот на август. Тоа е единствен трофеј што им недостасува во клупските витрини.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Македонскиот воин Даниел Стефановски доцна синоќа го совлада Јану да Круз на настанот Гладијаторс најтс во Цирих, Швајцарија.

МАКЕДОНСКИОТ ГЛАДИЈАТОР Даниел Стефановски освои нова СВЕТСКА БОКС ТИТУЛА- Круз падна на колена!

Македонскиот терминатор Даниел Стефаноски доцна синоќа освои трета светска титула...

Хрватскиот ракометар Игор Карачиќ во Вардар дојде во 2012 година и во овие седум години кај „црвено-црните“ имаше огромни успеси, со македонскиот шампион ја освои Лигата на шампионите.

(ВИДЕО) Со емотивно видео Игор Карачиќ се ЗБОГУВА од ВАРДАР

Играчот на Вардар, Игор Карачиќ, се збогува со емотивно видео од ракометниот европски...

Сите овие суми се вкупно најмалку 1.485.000 евра, а доколку Вардар ја освои титулата на неофицијалното светско првенство Супер Глоуб може сумата да биде 1.705.000 евра.

Еве колку милиони евра заработи ВАРДАР ОД ОСВОЕНАТА ТИТУЛА!

Иако пред завршниот турнир во Келн, иднината на силен Вардар беше ставена под знак...