Министерот откри дека се работи за жена, која влегла преку Табановце. Таа дошла од Италија, каде претходно имала знаци на коронавирус. Таа две недели поминала во инкубација и веќе две недели е болна, истакна министерот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 февруари, 2020 17:21

ОФИЦИЈАЛНО: Потврден прв случај на Коронавирус во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска во Македонија и официјално е потврден приот случај на Коронавирус, ова го потврди министерот за здравство Венко Филипче на прес- конференцијата.

Министерот откри дека се работи за жена, која влегла преку Табановце. Таа дошла од Италија, каде претходно имала знаци на коронавирус. Таа две недели поминала во инкубација и веќе две недели е болна, истакна министерот.

„Нема простор за паника. Пациентката е во стабилна состојба. Таа била еден месец во Италија, веќе две недели е болна и во Италија не била тестирана за корона и по пристигнување нво земјава, веднаш се пријавила на клиниката. Сметаме дека периодот на инкубација е поминат.

Министерот упати апел до сите институции, кои имаат вработени кои патувале во Италија, да не ги примаат вработените на работните места, туку да останат дома 14 дена во карантин.

Инаку дееска во 16:20 минути на скопскиот аеродром слета и преполн авион со патници од италијанскиот град Тревизо.

Премиерот Оливер Спасовски рече дека во моментот нема потреба да се запре нормалниот живот. Тој вели дека институциите имаат заштита и грижа и работат на анализи и спроведување на одлуки.

Денеска сме многу далеку да претпоставуваме што може да се случи понатаму. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Вчера министерот за здравство Венко Филипче најави можни нови мерки за превенција за натамошно ширење на вирусот. Тој рече дека денеска ќе имаат дополнителна дискусија во рамки на Комисијата за заразни болести.

МАКЕДОНИЈА ВО ВТОРА ФАЗА СО 555 ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС- Денеска нови мерки и промена на полициски час?

Бројот на заболени од коронавирус во државава постојано се зголемува. Министерот Венко...

Пациентката позитивна на вирусот роди живо машко новороденче кое е недоносено и се наоѓа на интезнивна нега на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Резултатот за коронавирусот на бебето од Куманово чија мајка е позитивна е негативен!

Негативен е резултатот на бебето родено на 30 март од мајка која беше позитивна на коронавирусот,...