
Спорт
Свет
УЕФА ги одложи сите клупски натпреварувања поради пандемијата на коронавирус.
Натпреварите во Лигата на шампионите и Лигата на Европа се одложени.
„Во светло на развојот на настаните поради ширењето на COVID19 во Европа и одлуките донесени од различни влади, сите натпревари спонзорирани од УЕФА закажани за следната недела се одложуваат“, се вели во официјалното соопштение на организацијата. закажана за 17 и 18 март, како и Лигата на Европа, кои беа на програмата на 19 март.
Одложено е четвртфиналето од Младинската лига на УЕФА и нема да се одржи ждрепката за четвртфиналето на ЛС и ЛЕ, закажана за 20 март.
Но за разлика од другите земји, во цела Турција засега има само еден пријавен случај со Коронавирус, па токму затоа нема паника кај населението и животот во земјата тече нормално.
Според распоредот, в недела од 17 часот Галатасарај на „Турк Телеком арената“ ќе го пречека градскиот противник, а се очекува трибините да бидат исполнети до последно место, односно да има преку 50.000 навивачи.
„Дербито меѓу Галатасарај и Бешикташ ќе се игра со навивачи. Ги презедовме сите потребни мерки за внимание“, изјави претседателот на Турската фудбалска федерација, Нихад Оздемир.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.