Тој рече дека на листата на кандидати за пратеници за седмиот состав на Собранието на Косово има луѓе кои ќе ја зголемат вработеноста.

Објавил: Перо Милчин | 8 септември, 2019 19:24

ОФИЦИЈАЛНО: Харадинај предложен за премиер на Косово!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Коалицијата на Алијансата за иднината на Косово и Социјалдемократската партија го именува Рамуш Харадинај за заеднички кандидат за премиер на Косово, пренесе РТК2.

Рамуш Харадинај во обраќањето по повод церемонијата за именување, рече дека таксите од 100 проценти за стоката од Србија ќе останат на сила сè додека Белград не ја признае независноста на Косово.

„Нашите кандидати ќе направат напори за зголемување на вработеноста. Тоа се луѓе кои ќе го направат Косово рамноправно и земја со еднакви можности. Нашето Косово, со своите војска, полиција, судство и институции денес е побезбедно. Народот на Косово има свој дом“, рече Харадинај.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај пред два месеци поднесе оставка на функцијата, за време на одржување на седница на косовската Влада.

– Оставката е неотповиклива – рече тогаш Харадинај.

Тој образложи дека оваа одлука е донесена откако добил покана од Специјалниот суд за воени злосторства во Хаг.

Тој негираше дека зад неговата одлука има политички мотиви.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Косово

Администрацијата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп има намера за време на неговиот мандат да го реши прашањето на Косово, а повторно како можна опција се наведува разграничувањето со Србија.

МАКЕДОНИЈА ВО ОПАСНОСТ? Корекција на границите на Балканот!

САД одлучни да го решат косовското прашање. Македонските власти и претходно предупредија...

Девет месечното бебе кое неколку дена беше во кома, денеска им подлегна на повредите. На социјалните мрежи се бараше помош за нејзино лекување.

НЕЗАПАМТЕНА ТРАГЕДИЈА: Деветмесечно бебе почина од изгореници од врела вода!

Почина девет месечно бебе од Дренас, Косово од изгореници со врела вода. Девет месечното...

Олбрајт сега работи како професор по Меѓународни Односи на Волш Факултетот за Надворешни Работи при Џорџтаун Универзитетот.

“ЌЕ ГОРИШ ВО ПЕКОЛОТ БАБO- „ЗЛОСТОРНИКОТ СЕКОГАШ СЕ ВРАЌА НА МЕСТОТО НА ЗЛОСТОРСТВОТО„

Бившата секретарка на САД, Медлин Олбрајт, пред два дена допатува во Приштина, по повод...