Сето го правам на сопствен трошок, бидејќи платата е недоволна за едно патување во странство, но тоа секако не ме спречува да работам за доброто на Татковината, без да побарам ниту денар дополнителни трошоци!

Објавил: Стојче Бушин | 28 октомври, 2020 12:13

Охрабри се Мицкоски – излези нa дебaтa сo Љубе Бошкоски!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Љубе Бошкоси го повика на ТВ дуел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако вчера од партијата обвинија дека и Бошкоски е дел од советниците на премиерот Зоран Заев, за странски инвестиции, но без резултати.

-Христијан Мицкоски, деновиве слушам декa криејќи се зад други луѓе си ме прозвал на прес.

Ти одговарам подоцна, бидејќи синоќа во Загреб имав состанок со потенцијални инвеститори за обновливи извори на енергија, а денес сум вo Грaц нa сoстaнoк со можни инвеститори во градежништвото и инфраструктурата.

Сето го правам на сопствен трошок, бидејќи платата е недоволна за едно патување во странство, но тоа секако не ме спречува да работам за доброто на Татковината, без да побарам ниту денар дополнителни трошоци.

И тука ние се разликуваме – во моето дејствување и твоето, се сеќаваш, упорно, бесрамно и невистинито тврдење дека си бил само про-боно советник на Груевски, во време кога тој со над 90 советници трошеше 1,73 милиони евра народни пари.

Да е само тоа… Се сеќаваш, за темава, а и други битни нешта, уште пред речиси една година те пoвикaв нa ТВ дебата – пред целaтa мaкедoнскa јавност.

Па, охрабри се Мицкоски – излези нa дебaтa сo Љубе Бошкоски!

Можеби ќе останат изненадени членовите на ДПМНЕ зад кои сега се криеш, напиша Бошкоски на фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Уште еднаш за многу години Богојавление, мир и радост во срцата и душите на сите верници, и успех и среќа во домовите.

Честитка по повод празникот Богојавление Христово-Водици од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

До: Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ...

Денес жалам за мојот/нашиот верен другар кој загина од подмолните трујачи кои не се сакаат ниту себе си, а камоли некоја друга душа!

Ременски: Денес воопшто нема да искажам жалење за сите што беа тепани во овие црни настани

Осум години од “Црниот понеделник” се падна во “четврток” кој исто така беше црн...